Опозиција: Поминаа деновите на жалост, од денеска ќе поставуваме прашања за истрагата - Канал 5

Опозиција: Поминаа деновите на жалост, од денеска ќе поставуваме прашања за истрагата

Партиски препукувања по завршувањето на седумдневната жалост по трагдијата во Кочани.

Кочани

Партиски препукувања по завршувањето на седумдневната жалост по трагдијата во Кочани. Од СДСМ обвинуваат за селективност во истрагата и јавно прашуваат како е можно лица од МВР кои кобната ноќ биле на должност и морале да знаат што се случува досега да не се во притвор.

„Дали е точно дека сите седум вработени во МВР, кои се моментално во притвор, не биле на функции во денот на пожарот во дискотеката? Од снимките вечерта се гледа дека полицијата била присутна во објектот. Ова значи дека знаеле за настанот, но не го обезбедиле соодветно. Со ова се поставува прашањето, дали сите надлежни од МВР таа вечер сториле кривично дело со несторување односно непостапување? Дали се изземени од одговорност службеници, началници и командири кои вечерта биле на должност?“

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека СДСМ манипулираат со трагедијата. Тврдат дека она за што прашува опозицската партија е веќе дел од истрагата.

„Јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број на приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет. СДС прашува: „Зошто не се притворени началници, командири, инспектори?“ Ова не е судење со толпа. Правдата не е циркус, туку процес. Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови“.

Низа прашања кон надлежните институции упатуваат и од ДУИ. Од партијата тврдат и дека локалот Пулс бил неформално собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита од Кочани и регионот, кои имале блиски реалции со сопственикот на дискотеката.

„Сите знаат дека објектот бил запечатен од УЈП пред неколку месеци, а многу наскоро потоа незаконски отворен. Сите знаат дека на овие забави редовно се користеле пиротехнички средства, и на сите им било јасно дека тоа се прави без дозвола од полицијата. И најважно сите локални институции, од полиција до инспекторати, го знаеле тоа, го гледале тоа, но не смееле да реагираат. Зошто навреме не видоа и зошто не спречија?, прашуваат од ДУИ.

Од таму обвинуваат и за политичка хајка против нивниот сопратиец Крешеник Бектеши кој како поранешен министер за економнија е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани и се наоѓа во 30 дневен притвор. Неговата сопратијка Арта Биљали во поткастот „На кавга со Иван“ вели за евентулана одговорност последниот збор ќе го има судот.

„Ако во обвинителниот акт се испотави ова дека Крешник треба да одговара, тогаш ќе треба јавното обвинителство да го убеди судот надвор од разумно сомневање дека тоа било така. Ако потсојат потпишани документи ние не сме виновниците да се на слобода за овој трагичен случај. Ако ова се докаже тогаш ќе биде работа на судот“

Освен Бектеши осомничени засега се уште 33 лица, а поради обемот на дејствијата од обвинителството информираа и дека тимот на јавни обвинители се зголемува на 11 и дека на распит ќе бидат повикани повеќе од 300 сведоци. Истрагата е во тек и во моментот се презвемаат дејствија за обезбедување на докази.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер