ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените - Канал 5

ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените

Идната недела министерството за економија ќе има појасна слика дали мерката за скалесто ограничување на бруто профитната маржа и ограничување на цените на дел од производите, која завршува утре - ги дала посакуваните резулати. 

ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески со предупредување до трговците доколку од 1 мај цените драстично се зголемат – ќе следат нови мерки. Во меѓувреме инспекторите од пазарен редовно вршат конторли и по однос на новата законска обврска за онлајн ценовници. Ристески вели во 21 век цените треба да бидат јавно и транспаретно презентирани, не се исклучува можноста да има општа веб страна за прверка на цените, но според надлежните потребно е да помине еден месец од имплементацијата за да се согледаат резултатите.

„Колку се прегледни или не се не можам да кажам сега, тоа ќе го сублимираме после еден месец од имплементацијата. Можеби ќе одиме како да кажам на една генерална и општа веб страна која ќе биде понудена понатаму и збир на информации кои ќе дава подобри резултати да можат граѓаните самите транспаретно да ги конторлираат цените.“- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд

До организацијата на потрoшувачи поплаки од граѓани за новото законско решение засега велат нема. Оценуваат дека идејата за онајлан ценовници е добра, но според нив треба да се доразвива, предлагаат да се направи алатка за компаративна споредба.

„Луѓето вака се бунат. Некој има намера да купи 5 или 6 производи и сега треба во сите тие списоци што ги објавуваат да ги бара тие производи, условно да оди онјалн од марктет во маркет за да може да ги најде. Кога би имале една компративна алатка тоа би било многу брзо.“- Маријана Лончар – ОПМ

Во министерството за економија финишира и методологијата за новата владина потрошувачка кошничка, очекувањата се таа наскоро да се најде пред синдикатите и работодавачите во рамки на економско социјалниот совет. Детали што се ќе биде вклучено во неа засега не се откриваат, но Ристески вели добро е што после толку години кошничката ќе ја изработува официјална институција и врз база на податоците ќе се креираат идните политики за заштита на стандардот на граѓаните.

YouTube video

Ријана дојде на филмска премиера, а насмевката на нејзиното момче Асап Роки ги изненади сите

Асап Роки вечерва присуствуваше на премиерата на филмот на Спајк Ли „Highest 2 Lowest“, во кој дебитираше како актер. Прво се појави сам на црвениот тепих без својата девојка Ријана, а потоа му се придружи музичката ѕвезда по проекцијата.

Ријана дојде на филмска премиера, а насмевката на нејзиното момче Асап Роки ги изненади сите

Ријана и Асап Роки излегоа од кино-салата придружени од дожд, па се случи сцена налик на нејзиниот познат хит „Under my umbrella“ („Под мојот чадор“). Канскиот фестивал донесе сцени како од филм.

Пејачката Ријана, која неодамна на Мет Галата во Њујорк откри дека е бремена по трет пат, носеше светлосина фустан со отвори кои го истакнаа нејзиниот труднички стомак, кој го покажуваше и за време на претходните бремености, со оригинални модни изданија.

Фризурата беше чист гламур, а сандалите беа одличен избор, иако ѝ беа за број помали — веројатно поради бременоста.

АСАП Роки, кој и на Мет Галата, а и во Кан, носеше чадор, се појави во елегантен костум и речиси постојано ја бакнуваше својата партнерка на црвениот тепих, ја прегрнуваше и ја галеше по стомакот.

Ријана зрачеше, и беше прекрасно повторно да се види во Кан, каде што последен пат се појави во 2010, 2017 и 2023 година. Но, во еден момент, блеснаа и забите на АСАП Роки, кој има „злато“ во устата — детаљ кој за момент го украде шоуто, совршено вклопен во ексцентричниот стил на овој рапер.

Да потсетиме, Ријана со партнерот Асап Роки има два сина — РЗА (2) и Рајот (1). Раперот изјави дека било крајно време Ријана да објави на Мет Галата дека очекуваат трето дете.

Пејачката во 2023 за „E! News“ изјави дека би сакала третото дете да биде девојче, иако нагласи дека шансите да добие уште еден син се 75 проценти. Сепак, сигурно е дека Рири би се израдувала и на трет син, доколку сценариото се одвие така.

YouTube video

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

 Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. 

Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите

Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува 79.283 денари.

Трошоците за храна и пијалоци во синдикалната кошничка во мај изнесуваат 22.434,00 денари и се за 954 денари зголемени во споредба со април.

- Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а предизвикот со високите цени особено на основните прехранбени производи прави огромен притисок врз ниските плати на работниците во Македонија. Во услови на зголемени трошоци за живот, зголемената вредност на Синдикалната минимална кошница особено по завршувањето на мерките на Владата упатува на тоа дека е потребен раст на платите. Денеска е повеќе од јасно дека за растот на платите не говориме само ние од ССМ, туку се погласно зборуваат работниците и граѓаните кои на свој грб ја чуствуваат оваа неправда, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, му ја потврди на претседателот на САД, Доналд Трамп, посветеноста на Москва за постигнување праведно решение за конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Лавров потсети на цврстиот став на Русија за „праведно решавање на украинската криза создадена од Запад“, нагласувајќи дека тој став Путин вчера уште еднаш јасно го потврдил по телефонскиот разговор со Трамп.

Путин претходно изјави дека разговорот со Трамп траел повеќе од два часа и оти бил „содржаен и искрен“.

Тоа беше трет телефонски разговор меѓу лидерите на Русија и САД од почетокот на годината.

Путин додаде дека Трамп во разговорот истакнал дека Русија се стреми кон мирно решение во Украина.

притисни ентер