КултураОперската дива Елина Гаранча најави спектакуларен концерт за отворањето на „Охридско лето“Уникатно и неповторливо доживување за фестивалската публика на отворањето на „Охридско лето“, со утрешниот голем концерт на Античкиот театар на светски познатата оперска певица Елина Гаранча во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската управа на маестро Ион Марин од Романија.- Навистина се чуствувам среќна и почестена што сум тука на овој фестивал кој зад себе има толку богата и долгогодишна традиција. За фестивалот слушнав од моите колеги и пријатели кои настапувале тука како Барбара Фритоли, Михаил Хворостовски така што верувам дека мојот утрешен настап ќе биде континуитет на прекрасни и возбудливи настани што се дел од фестивалот „Охридско лето“, рече оперската дива Елина Гаранча на денешната прес-конференција по повод отворањето на годинешното 56-то по ред издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата. На програмата на утрешниот концерт се арии на Чајковски, Сен Санс и Гуно, специјално одбрани за да ги претстават особеностите и специфичностите во уметничкиот израз на самите композитори, а истовремено соодветствуваат на силината и квалитетот на гласот на оперскиот солист, додека вториот дел од концертот е резервиран за најпознатите композиции од операта „Кармен“. Романскиот диригент Ион Марин кој ќе раководи со утрешниот концерт рече дека му претставува задоволство што повторно е тука во Охрид, овојпат како претставник на втората генерација уметници од неговото семејство кои настапувале тука. - Во Охрид бев во 1969 година и во 1978 година, во време кога мојот татко настапуваше на фестивалот како диригент на хорот „Мадригал“ од Букурешт. Имам убави спомени од тоа време, а сега сум тука повторно, овојпат како диригент привилегиран да настапува заедно со Елина, така што со нетрпение го очекувам утрешниот настап пред публиката на „Охридско лето“, рече тој. Директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски од своја страна истакна дека огромен е интересот кај јавноста, како кај домашната публика така и кај онаа од странство, за утрешниот концерт што ќе го означи почетокот на годинешното фестивалско доживување. - Се е подготвено за спектакуларно отворање, времето според дите проверки ќе не послужи така што можам да кажам дека не очекува невидено уметничко доживување достојно за реномето што го има „Охридско лето“, рече тој. Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова – Неделковска за концертот со кој се отвара фестивалот истакна дека со години наназад се профилира како исклучителен неповторлив настан, кој воедно претставува еден од најексклузивните концерти во културните збиднувања во Македонија. - Верувам дека со концертот уште еднаш ќе се потврди дека Елина Гаранча е изведувач кој со сигурност ќе им се приклучи на великаните. Дека е певица со сензационален глас, уметник кој зрачи со енергија и топлина што секое нејзино појавување на сцената го прави впечатливо и уникатно, Верувам дека фестивалската публика ќе има незаборавно уметничко доживување што долго ќе се памети, рече таа. Концертот на свеченото отворање на Фестивалот „Охридско лето“ е закажан за утревечер од 21 часот, на големата сцена на Античкиот театар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook