КултураОперата „Валкира“ во сабота во НОБ - прво спектакуларно издание на ВагнерВо изведба на гостите од Софиската опера и балет, во сабота, 18 мај, за првпат на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе прозвучи операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер. Операта ќе биде прикажана во рамки на 52 издание на „Мајски оперски вечери“. Според уметнички раководител на операта Орце Ицковски, гостувањето на оваа опера е еден од најексклузивните настани во ова издание на фестивалот. Тој денеска на прес-конференција најави дека привилегијата да се слушне Вагнер е привилегија за сите нас, а најмногу за посетителите. -Би сакал да кажам дека ни е огромно задоволство и чест да ги примиме гостите од Софија. Привилегијата да се слушне Вагнер за првпат во Македонија е привилегија за сите нас, особено за публиката, бидејќи комплетна изведба на Вагнер во државата до сега немало и ова ќе биде спектакуларно издание за нашите „Мајски оперски вечери“, рече Ицкоски. Директорот на НУ Национална опера и балет, Васо Ристов на прес-конференцијата посочи дека гостувањето на Софиската опера и балет го договарале уште минатата година и најави спектакл за кој ќе има голем интерес од публиката. -За ова гостување со маестро Карталов почнавме да се договараме уште минатата година, за 51 издание на „Мајски опери вечери“, каде што маестро Карталов ни беше гостин. Дојдовме до идеја Софиската опера и балет да земе учество на 52 „Мајски оперски вечери“. Ете, се случи тоа, овие денови тие се наши гости, а во сабота ќе имаме голем спектакл, кој што има голем интерес од публиката и мислам дека веќе билетите се пред самиот крај, додаде Ристов. Директорката на Културниот информативен центар на Бугарија во Скопје, Антонија Велева рече дека гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје е од големо значење за партнерството меѓу двете држави. -Чест и задоволство е за нас што Софиската опера и балет има можност да гостува во Скопје со прекрасна претстава. Ме радува што Бугарија ја има честа оваа година да учествува на „Мајските оперски вечери“. Благодарам што бевме поканети како партнери и овие настани навистина се од големо значање за двете држави. Многу е важно да има вакво партнерство и вакви средби и во иднина, рече Велева на прес-конференцијата. Таа за во септемри најави гостување и на Националната опера и балет на Македонија во Софија. Директорот на Софиската опера и балет Пламен Карталов на прес-конференцијата рече дека гостувањето е благодарение на долгодишната соработка и напомена оти е сигурен дека ќе понудат добра претстава за публиката во Скопје. -За мене е огромна чест да бидеме тука во Скопје. Ова е благодарение на долгогодишната соработка со мојот колега и пријател Васко Ристов, при што се исполни желбата да учествуваме на „Мајските оперски вечери“ во Скопје. Оваа наша доверба трае повеќе години. Одлучивме да претставиме еден репертоар кој што го нема на Националната опера и балет во Скопје, рече Карталов. Диригентот на операта, Еван-Алексис Крист од САД потенцираше дека на секој љубител на операта ќе му се допадне оваа драма, најмногу поради музиката, но и поради историските аспекти. -Последниве три години имав можност да соработувам со маестро Карталов, кој навистина има голема имагинација и креативност да создава прекрасни сцени од музички аспект. Имавме проби изминативе пет недели и тој постојано зборуваше за светлото и за музиката, како да ја прилагодиме и како да ја искористиме. Убеден сум дека на публиката ќе и се допадне операта од Рихард Вагнер онолку колку што и мене ми се допаѓа, додаде Еван-Алексис Крист. Тој напомена дека иако самата опера е долга, трае четири часа, секогаш кога доаѓа крајот тој посакува истата да продолжи и понатаму да трае. -Ќе видите колку бугарските оперски пејачи имаат неверојатни гласови, прекрасни гласовни способности. Имаат богата традиција, исто како и вие овде, и сметам дека навистина ќе ви се допадне, посочи Еван-Алексис Крист на прес-конференцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter