Операта „Турандот“ премиерно во Македонската опера и балет - Канал 5

Операта „Турандот“ премиерно во Македонската опера и балет

Македонската опера и балет вечер премиерно ќе ја изведе операта во три чина „Турандот“ од Џакомо Пучини.

Операта „Турандот“ премиерно во Македонската опера и балет
Таа е една од најпопуларните опери на италијанскиот композитор која МОБ ја обновува по 14 години од првата изведба во Македонија, со нова авторска и солистичка екипа.

Режисер, сценограф и костимограф на операта е Италијанецот Џанкарло дел Монако, диригент е неговиот сонародник Џанлука Мартиненги, а насловната улога ќе ја игра сопранистката од Холандија Габриеле Мулен.

Директорот на МОБ Игор Дурловски на прес-конференција најави дека обновената „Турандот“ ќе биде спектакл со 200 луѓе на сцена. - Се надевам дека вакви имиња ќе продолжиме да носиме во МОБ и дека секоја наредна продукција ќе биде како оваа за „Турандот“, истакна Дурловски.

Режисерот Џанкарло дел Монако, син на познатиот тенор Марио дел Монако, е задоволен од процесот на соработка со екипата на МОБ и рече дека идејата за овој проект е од пред три месеци. Поканата да дојде во Скопје ја прифатил од својот пријател Дурловски со кого се познава 15-ина години и од времето на нивната кариера во Германија.

- Иницијалната идеја доаѓа од грчката трагедија и од трагикомедијата. Не е само трагичното сечење глави и смртта која ги води сите низ целиот процес на вљубување, одљубување и доаѓање на престол, туку маскираните учесници кои ќе се појават на сцената, ќе ја раскажат и веселата страна на животот - дека не е се така црно, рече Дел Монако за концептот на претставата.

Диригентот Мартиненги истакна дека е голем предизвик поставувањето на Пучини, особено на „Турандот“, неговото последно дело. Повеќепати соработувал со Оркестарот на МОБ и е задоволен, но овојпат ќе се обиде, како што рече, да го извлече италијанскиот звук.

Габриеле Мулен, која ќе ја толкува насловната улога, рече дека е првпат во Скопје и е одушевена од големата сцена на МОБ.

- Претставата бара силен глас и многу добра техника, но одговорноста не е само на тој што го игра насловниот лик, туку на сите солисти кои се појавуваат на сцената, рече холандската сопранистка.

Во новата продукција на „Турандот“ ќе настапат и: Кристијан Бенедикт од Литванија во улогата на Калаф, Валерија Сепе од Италија ќе настапи како Лиу. Ликот на Тимур ќе го толкува Игор Дурловски, а Пинг, Панг и Понг ќе бидат Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер