Операта „Севилскиот бербер“ на 45 „Мајски оперски вечери“ - Канал 5

Операта „Севилскиот бербер“ на 45 „Мајски оперски вечери“

Во рамките на 45 „Мајски оперски вечери“, на 13 мај (сабота) на големата сцена на МОБ со почеток во 20 часот ќе биде одиграна популарната комична опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Продукцијата на „Севилскиот бербер“ ја реализира интернационална екипа – во Скопје гостуваат солистите од Српскиот народен театар од Нови Сад, диригент е Крис Расман од Велика Британија, режисер е Урсула Хорнер, сценографијата е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска.

Операта „Севилскиот бербер“ на 45 „Мајски оперски вечери“

Настапуваат: Марјан Јованоски - Фигаро, Јелена Кончар - Розина, Роберто Јачини Вергили (Италија) - Алмавива, Горан Крнета - Дон Базилио, Небојша Бабиќ - Дон Бартоло, Злата Тошевска - Берта, Кристијан Антовски - Фиорело, Саша Смилевски – Амброзио.

За време на својот живот, Џоакино Росини (1792-1868) важел за еден од најпризнаените оперски композитори во светот. Напишал повеќе од 30 комични и трагични опери, пред необјасниво да престане да пишува опери, на возраст од 37 години. „Севилскиот бербер“ чија што премиера доживува катастрофален неуспех (предизвикан пред сè поради фракциите во локалната политика, а не поради самото дело) станува најпопуларната комична опера на сите времиња во светот.

Некои од најпрепознатливите музички парчиња од операта слободно може да се каже дека станаа дел од човековото „несвесно“, особено воведната арија на гордиот Фигаро. Операта изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со која ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

Изведбите под диригентското водство на Крис Рaсман редовно добиваат стоечки овации и извонредни рецензии од критичарите кои ја истакнуваат неговата способност „со леснотија да ги комуницира музичките идеи на делото на изведувачите“ (Cape Times), во изведбите „да носи големо ниво на концентрација и да обликува прекрасен звук“ (Opera magazine), и да „ги води музичарите до најголемите уметнички височини“ (Augsburger Allgemeine Zeitung).

Тој ги диригирал „Мадам Батерфлај“ и „Така прават сите“ со Операта на Прага, „Тоска“ со Унгарската национална опера во Будимпешта и Краков, „Риголето“ со Националната опера на Киев, „Травијата“ и „Палјачи“ со Националната опера на Латвија во Рига и „Боеми“ со Националната опера на Монголија.

Српскиот народен театар од Нови Сад е една од најголемите, а воедно и најстарата професионална театарска куќа во Србија. Основан е во 1861 година за време на конференцијата на Друштвото на Српскиот народен театар составено од членови на Српската читалница (Srpska čitaonica), одржана во Нови Сад и оттогаш работи во континуитет. Во театарот функционираат три сегменти – драма, опера и балет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.

Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета.

Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат.

Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.

Општина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето.

Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност.

Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари

Уште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.

СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари

Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција.

Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари.

Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток.

Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што.

Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните.

Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми?

Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?

Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови.

Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер