3Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
АвтомобилизамOpel создава нови привлечни бои за новите Astra и MokkaСо новата Opel Astra и Opel Mokka, германскиот производител не само што дизајнираше два исклучително возбудливи нови автомобили, туку создаде и две извонредни нови бои.• Моќно: автомобилите како новите Astra и Mokka бараат живописни и експресивни бои • Боја на лансирање: „Kult Yellow“ на новата Astra ја комбинира традицијата на Opel со актуелните трендови • Одржливост во лимарија: „3-wet“процесот на бојадисување кој дополнително ги намалува емисиите. За такви моќни автомобили како наградуваната Mokka и новата Astra, Opel се одлучи за живописни, впечатливи нови бои: зелена за Mokka и жолта за Astra. „Боите за автомобили не само што треба да го задоволат купувачот, туку мора да одговараат и на големината и обликот на автомобилот“, изјави Nicole Heidt, помошник главен дизајнер за боја и материјали. „На модел од компактна класа како Astra најдобро одговараат софистицирани мика или металик бои кои се исто така многу популарни меѓу клиентите во тој пазарен сегмент.“ Уште на почетокот на развојот на новата Astra, тимот за маркетинг на Opel го информираше тимот за дизајн дека сака шестата генерација на најпродаваната Astra да биде достапна во жолта боја, која има долгогодишна традиција како бојата на брендот. Како и обично со целосно нова боја, Nicole Heidt го започнала процесот на креирање со истражување на трендовите на боите користејќи професионални алатки. Додавајќи го и сопственото искуство, таа почнала да размислува за создавање нов потемен жолт тон за новата Astra. Nicole потоа ги испробала своите идеи во сопствената лимарија каде таа лично го дизајнирала „рецептот“ за новата боја. Користејќи чаша од 200 милилитри и неколку грама различни бои за лакирање на автомобили од водечки снабдувач, таа ги измешала состојките додека резултатот не се совпадне со нејзината идеја. Следно, дизајнерот подготвил „табла за расположение“ - колаж од слики - и примероци од бојата за да ја претстави новата боја на тимот за дизајн менаџмент и маркетинг. По нивното одобрување, Nicole потоа направила примероци на бојата за добавувачот во фабриката во Rüsselsheim, чиј финален производ мора што е можно поблиску да одговара на дизајнерската идеја и примероците од бојата за сериско производство. Детален процес: Развојот на нови бои може да потрае и до четири години Процесот на развој на нова боја за нов модел, може да потрае и до четири години, а финализираната нова боја мора да биде „подготвена за прскање“ од роботи, 12 месеци пред почетокот на производството. „Жолтата што ја избравме како боја за лансирање на новата Astra на почетокот на процесот се покажа како добар погодок“, вели Nicole Heidt. „Таквите бои се навистина во тренд сега“. Во случајот на Mokka, помало спортско корисно возило (SUV) со помлад профил на клиенти од новата Astra, Opel бараше смела, спортска нова боја. Истражувањето на Nicole Heidt покажа дека зелените тонови се многу во тренд. „Зелената е исто така совршена боја за електрично возило со батерии, како што е Mokka-e“, додава таа. Процес на боење „3 wet“: годишнта емисија на CO2 се намалуваат за околу 2.200 тони Електричните возила како Opel Mokka-e или новата Astra plug-in хибрид се само два начина на кои германскиот производител на автомобили придонесува за одржлива мобилност. И бојадисувањето има своја улога. На пример, новата боја "Kult Yellow" кај Astra се применува во производствената фабрика во Rüsselsheim каде што емисиите од лимаријата се значително намалени. Објектот во моментов користи метод на бојадисување „3-wet“ со кој се отстранува еден целосен чекор на сушење од процесот. Во споредба со конвенционалните процеси на бојадисување, ова ја намалува годишната емисија на CO2 за околу 2.200 тони, додека сè уште обезбедува високo ниво на заштита од корозија и оштетување од мали каменчиња. Дополнително, годишната потрошувачка на вода е намалена за околу 1.800 кубни метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ . Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци. Severe weather driven by a confirmed tornado struck the municipality of Chapecó in Santa Catarina, southern Brazil, generating wind gusts of up to 126 km/h (78 mph). The extreme winds severed power lines across multiple districts, ripped off metal roofing structures, and shattered glass facades at Chapecó’s Serafim Enoss Bertaso Airport, forcing civil defense authorities to suspend all flight operations indefinitely. #Brazil #SantaCatarina #Chapecó — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 5, 2026 Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати. Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата. Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време. Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата. „Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата. 🚨 Happening in #Brazil 2026 terrifying footage captures the destructive force of a tornado at Chapecó Airport, Fierce winds tear through the terminal area, leaving wreckage in their wake. May everyone caught in its path stay safe. 🇧🇷 https://t.co/CAQymlFL5F — NNA (Nadia)🇩🇿 (@22NN_A) November 4, 2026 Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.Тагови: Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин? Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“. Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија. Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи. Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот. Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД. „Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација. Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег. Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар. Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“. Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено. Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд МуслиуПендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу.Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума. Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев. Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси? Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси. Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00