Opel го претстави новиот исконски амблем „Blitz“. - Канал 5

Opel го претстави новиот исконски амблем „Blitz“.

Денес, Opel го откри новиот изглед на својот исконски амблем, „Blitz“, кој ќе се појави на возилата веќе во 2024 година. 

Opel го претстави новиот исконски амблем „Blitz“.

Смел: изострен, самоуверен нов „Blitz“.

Прецизен: обликот на „Blitz“ го прикажува клучниот елемент на Opel компасот.

Истакнат: нов амблем кој ќе се појави на IAA Mobility во Минхен.

Тој ќе продолжи да претставува централен елемент на Opel компасот, една од главните карактеристики на Rüsselsheim. Се заснова на возбудливата и посебна дизајнерска филозофија на производителот на автомобили, додека истовремено продолжува гордо да биде централно позиционитан на Opel Vizor. „Гром“ или „Blitz“ на германски е тесно поврзан со електричната енергија, воедно претставува идеален амблем за симболизирање на пристапот на Opel, кон ерата на електромобилноста.

„Нашиот „Blitz“ е поактуелен од кога било досега. Тоа не само што ја симболизира нашата посветеност на демократизацијата на иновациите и мобилноста, туку ја претставува и нашата посветеност кон трансфромацијата, кон целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Оваа година, во нашето портфолио, веќе ќе имаме 15 електрифицирани модели и со гордост можеме да кажеме дека Opel се развива во електричен бренд“, изјави Извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

„Blitz“ е икона за нашата филозофија, за смелост и елеганција. Изострениот, самоуверен нов „Blitz“ го вкрстува елегантниот потпорен прстен, давајќи му на нашиот исконски амблем прогресивен и модерен изглед. Добро е познато дека компасот е столбот на нашите предени, задни и внатрешни дизајнерски елементи“, изјави Mark Adams, Потпретседателот за дизајн.

Во наредните години, германскиот автомобилски производител, постепено ќе го аплицира новото „Blitz“ лого низ своето портфолио на производи. Првиот модел во 2024 година, кој ќе има свое сериско производство ќе го носи и новиот изглед на „Blitz“.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl, најави дека новиот амблем ќе биде претставен уште оваа година: „IAA Mobility е еден од најголемите саеми за автомобили во светот. Затоа за нас претставува совршена локација, пред масовната меѓународна публика, гордо да го претставиме нашето ново лого „Blitz“. Понатаму, планираме и изненадување... Посетителите ќе бидат воодушевени на нашето присуство во Минхен“, изјави тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“.

Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живо

Снимал со пријателите, а потоа следи БРУТАЛЕН напад!

Вознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живо

Мексиканскиот инфлуенсер Цезар Гастелум беше застрелан и убиен за време на пренос во живо на социјалните мрежи.

Гастелум во вторникот вечерта снимал видео со двајца пријатели пред ресторан за брза храна во населбата „Трес Риос“ во градот Кулиакан, во северно Мексико, кога му пришле двајца мажи на мотор. Едниот од нив неочекувано во еден миг вади пиштол и пука од непосредна близина во инфлуенсерот и го убива.

Гастелум имал повеќе од половина милион следбеници на „Тик-ток“, каде што главно објавувал хумористични видеа. Ова не е првпат инфлуенсер од социјалните мрежи да биде убиен во Мексико.

Минатата година, 23-годишната Валерија Маркесубиен се наоѓала во козметички салон додека емитувала содржина во живо на „Тик-ток“.

Досега никој не е уапсен, а двајцата напаѓачи на мотор побегнале од местото на настанот. Засега не е познато дали Гастелум претходно добивал закани. На својот профил на Инстаграм, тој често објавуваше фотографии од патувања и ноќни излегувања, како и слики на кои позира пред луксузни автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. 

ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој.

По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со кој за првпат се поставува јасен правец за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и исполнување на европските стандарди.

Довербата во овие политики ја потврдува и големиот интерес на инвеститорите. Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции. Тоа значи повеќе домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност.

Во исто време, Владата реализира капитални проекти кои го модернизираат енергетскиот сектор. Државниот батериски систем за складирање енергија, дигитализацијата на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиската поддршка за производителите на обновлива енергија и новите законски решенија создаваат современ и конкурентен енергетски пазар.

Посебно внимание се посветува и на енергетската ефикасност. Со реконструкција на јавните објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување нови финансиски средства од меѓународните партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти, се создаваат услови за помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци и почиста животна средина.

Финансиската поддршка што Македонија ја добива од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите меѓународни партнери е дополнителна потврда дека реформите што ги спроведува Владата се препознаени како кредибилни и усогласени со европските политики.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо на работа, затоа што силната енергетика е предуслов за силна економија, нови инвестиции, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани. Резултатите се видливи, а со реформите што се реализираат денес се поставуваат темелите на енергетски независна, економски посилна и европски ориентирана Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер