Opel Experimental: германскиот бренд го обзнани името на следниот концепт автомобил - Канал 5

Opel Experimental: германскиот бренд го обзнани името на следниот концепт автомобил

Руселсхајм. Opel го обзнани името на својот најнов концепт автомобил - Opel Experimental. 

Opel Experimental: германскиот бренд го обзнани името на следниот концепт автомобил

Светска премиера: Opel Experimental изложен на IAA Mobility во Минхен;

Јасна визија: новиот концепт автомобил ќе влијае на идните сериски произведени возила;

Нов амблем: новиот концепт автомобил, прво возило кое гордо го носи новиот Opel „Blitz“.

Руселсхајм. Opel го обзнани името на својот најнов концепт автомобил - Opel Experimental. Германскиот бренд, ќе објави дополнителни информации и детали за овој концепт автомобил, во наредните недели, пред истиот да го претстави пред меѓународна публика на IAA Mobility самот за автомобили во Минхен, кој ќе се одежи од 5 до 10 септември 2023.

Извршниот директор на брендот Opel, Florian Huettl, изјави: „Името Opel Experimental јасно кажува и ја посочува нашата визија за брендот. Името покажува во која насока ќе се развива нашиот бренд во наредните години и какво влијание тој развој ќе има врз следните генерации на сите наши модели.“.

Opel Experimental, исто така, го претставува следниот чекор во еволуцијата на нашата смела и елегантна дизајнерска филозофија, за прв пат видена во GT X Experimental. Преку самото имплементирање на основните постулати на Opel брендот: Detox (детокс), Modern German (модерен германски дух) и Greenovation, новиот концепт автомобил го отелотворува натамошното заострување на брендот Opel во структурата на Stellantis брендовите.

Покрај тоа, најновата креација од дизајнерскиот центар во Руселсхајм, ќе биде првиот Opel што гордо ќе го носи неодамна претставениот нов Opel „Blitz“. Поостриот и самоуверен нов „Blitz“, е позициониран видливо во центарот на компасот, што е клучниот графички дизајн на Opel и основата на елементите на предниот, задниот и внатрешен дизајн.

Opel Experimental ја продолжува долгата и успешна традиција на концептни автомобили создадени во Rüsselsheim, традиција која започна во 1965 година кога Opel стана првиот европски бренд кој претстави студија од дизајнерски аспект, во форма на легендарниот Experimental GT.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Во понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Со одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.

Седум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка Илиќ

Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“.

Судска одлука

Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело.

Обвинителство и поврзан смртен случај

Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози.

Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. 

Пронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријава

На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал.

Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер