3Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?
АвтомобилизамOpel Experimental дава јасна визија за иднината на брендотГерманска енергија: Opel Experimental отелотворува три столба на брендотСмел и елегантен: отвара следно поглавје на дизајнерската фолозофија на Opel, со 4D Opel Vizor. Обоен со светлина: електрохромните ткаенини им овозможуваат на патниците светла амосфера во кабината. Opel со својот неверојатен нов Opel Experimental концепт автомобил, го прикажува својот пристап кон иднината. Со ултра модерен надворешен дизајн, Opel Experimental дава јасна визија за насоката во која ќе движи брендот Opel во наредните години. Како карактеристики кои е значајно да се истакнат се аеро-ефикасност, пространа и осветлена внатрешност во која ќе има ултра конфорни седишта и напреден дисплеј од најновата генерација. Електричниот кросовер ќе ја доживее својата светска премиера на овогодинешниот IAA Mobility саем во Минхен (од 5 до 10 септември 2023 година), каде што сигурно ќе го привлече вниманието и ќе донесе нова публика кои ја поддржуваат визијата на Opel за одржлива индивидуална мобилност. „Opel Experimental овозможува перспектива за претстојните модели и технологии, за идниот дизајн, дури и за новата ера и иднината на брендот. Овој неверојатен концепт автомобил, претставува водечко светло и уште еднаш го покажува пионерскиот дух на Opel“, изјави Извршниот директор на Opel, Florian Huettl. „Нашиот нов Opel Experimental дава поекстремна интерпретација на нашата смела и елегантна дизајнерска филозофија. Тоа ѝ дава облик на нашата визија за иднината. Многу од елементите на неговиот дизајн и начинот на размислување зад него, ќе бидат видливи во идните возила од сериско производство. Надворешниот дизајн обезбедува оптимизирани аеродинамични перформанси во комбинација со неверојатна силуета, додека внатрешноста овозможува извонредно и емотивно корисничко искуство“, додаде Mark Adams, Потпретседател за дизајн. Една од најпривлечните работи на елегантната силуета кај Opel Experimental е отсуството на хром. Наместо тоа, додавањето на надворешно осветлување и смелите контрастни графики, го истакнуваат карактерот и софистицираноста на веќе импресивните пропорции. Севкупно, ефикасниот електричен кросовер се базира на најсовремена платформа Stellantis BEV, а исто така е опремен со електричен погон на сите тркала. Драматичниот заострен профил има смел и впечатлив дизајн со елегантна површина за подобрување на неговото неверојатно присуство. Дури и традиционалните крилни ретровизори отворија место за целосно интегрирани камери од 180 степени на C-столбовите, додека острите, спортските лакови на тркалата го нагласуваат самоуверениот став. Напред, новиот осветлен Opel Blitz гордо е сместен во центарот на препознатливиот Opel Compass, водечки елемент на дизајнерската филозофија на Opel. Тој е опкружен со светлосниот потпис на издолженото крило на хоризонталната оска, додека осветлениот средишен набор додава дополнителна возбуда. Ова потоа се повторува на задниот дел со препознатливото compass стоп светло создадено од технологијата за осветлување на рабовите и софистицираната стаклена транспарентност. Ова се комбинира со елегантно задебелени букви на Opel, наместо логото на Blitz одзади, за да го формира централниот елемент. Дел од предниот compass формира и најновата генерација на 4D Opel Vizor. Дополнителна димензија додаваат напредните технологии за видливост, вклучувајќи сензори, лидар, радар и камера. Паметни решенија за аеро и просторна детоксикација Совршено конструирана елегантна и беспрекорно извиена силуета кај Opel Experimental. Овој концепт автомобил овозможува и паметни и оптимизирани аеро решенија. Аеро-клапите напред и назад ја зголемуваат аеродинамичната ефикасност како и задниот дифузер. Се проширува или се повлекува во зависност од ситуација при возење. Пневматиците развиени во соработка со Goodyear се направени од рециклирана гума и се сместени на 3-зонски тркала Ronal за уште повеќе да се зголеми аеродинамичната ефикасност. Додека надворешните димензии го ставаат Opel Experimental во компактниот C-сегмент, внатрешноста може да се пофали со просторност од D сегментот. Ова е овозможено со ослободувањето на просторот (детоксикација на просторот) во Opel Experimental. Управувачот неприметно се преклопува и истото е овозможено со системот steer-by-wire, кој дополнително ја намалува тежината со елиминирање на механичките компоненти на управувачот. Лесните адаптивни седишта комбинираат витка, но издржлива структура со ткаенини со 3D мрежна технологија. Тие обезбедуваат извонреден комфор за седење на кој клиентите се навикнаа од возилата на Opel, а истовремено придонесуваат дополнително за ослободување на просторот во концептниот автомобил. Чисто искуство, Pure Pad - чисто задоволство Пристапот за детоксикација продолжува со Pure Experience. Возачите можат да ги персонализираат информациите според нивните потреби на тенкиот Tech Bridge, нова интерпретација на Pure Panel-от кој може да се види во сегашните модели на Opel. Наместо конвенционалните екрани, информациите или содржината за забава се претставени со помош на технологија за зголемена проекција поддржана од вештачка интелигенција и природна гласовна контрола. Лебдечкиот, транспарентен Pure Pad се наоѓа пред предниот потпирач за раце. Може да се конфигурира според личните преференции на возачот, со што се овозможува моментален пристап до најчесто користените контроли. Иако Opel Experimental ги отелотворува основните постулати на брендот Opel: Detox (детокс), Modern German (модерен германски дух) и Greenovation, исто така прави чекор напред во изразувањето на емотивниот пристап на брендот кон одржлива мобилност. Електрохромните ткаенини им овозможуваат на патниците светла атмосфера во кабината што создава совршена средина на спокојство. Покрај тоа, реактивните ткаенини можат да ги подобрат функционалните атрибути. На пример, кога возило влегува во слепа точка, се појавува предупредување на соодветниот ретровизор на вратата, како и на предниот екран, со што се обезбедува дополнителна безбедност за патниците и другите учесници во сообраќајот. Со својот фокус и прикажување на јасната визија за брендот, Opel Experimental ја продолжува долгата и успешна традиција на концептните автомобили „направени во Rüsselsheim“, традиција која започна во 1965 година кога Opel стана првиот европски бренд кој презентираше дизајнерска студија во форма на легендарниот Experimental GT.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид. Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела. Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител. За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа. Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност? Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност? Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемцид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност. Да не беше брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе ја видевме старата шема на ВМРО. Жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните ВМРО-вски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа. Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем. Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО. Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата. Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите. Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи. Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите, рече Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00