Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
АвтомобилизамОpel Аstra ja освои наградата Red Dot 2023Визионерска и полна со карактер: Opel Astra ја добива наградата во категоријата „Product Design“..Експресивна: смел и елегантен дизајн со лицето на брендот Opel Vizor. Фокус на најважното: целосно дигитален и интуитивен кокпит Pure Panel. Astra ја додава наградата Red Dot која се приклучува на широката листата на признанија Opel Astra импресионира на прв поглед – како модел со пет врати и како лимузина Astra Sports Tourer. Дизајн кој го импресионира и меѓународното стручно жири на Red Dot Awards. Стручното жири составено од 43 експерти оваа година на компактниот бестселер од Rüsselsheim му ја додели наградата Red Dot 2023 во категоријата „Product Design“. Оваa награда се приклучува во широката листа на признанија на Astra. Меѓу другото овој автомобил веќе ја освои наградата „Златен управувач 2022“, беше прогласен и за „Семеен автомобил за 2022“, а независното стручно жири на „German Car Awards“ (GCOTY) ја изгласа Astra за „Германски компактен автомобил за 2023“. „Нашата филозофија за смел и елегантен дизајн навистина се истакнува кај најнова генерација на Opel Astra. Како и секој нов модел на Opel, Astra доаѓа со експресивното лице на брендот Opel Vizor и комбинира иновативна технологија со емотивен дизајн. Ние, исто така, ја развивме патничката кабина според овој принцип. Целосно дигиталниот Pure Panel може да се управува интуитивно и е фокусиран на најважните работи“, изјави потпретседателот за дизајн на Opel, Mark Adams. Смела, елегантна, експресивна: дизајнот на Astra се издвојува во компактната класа Актуелната Astra не само што возбудува со своите plug-in хибридни погони без емисии и набргу како целосно електрична Astra Electric - таа исто така воодушевува со јасни, впечатливи линии без непотребни детали. Opel Vizor (новото лице на брендот првпат видено кај Mokka и централен елемент на надворешен дизајн) го следи Opel Compass каде што вертикалните и хоризонталните оски – остриот набор на капакот на моторот и графиката во облик на крило на дневните светла – се вкрстуваат со амблемот Opel Blitz во средината. Се протега низ предниот дел, правејќи ја новата Astra да изгледа уште поширока, Vizor исто така беспрекорно интегрира технологии како што се опционалните ултра тенки Intelli-Lux LED® предни светла и предната камера на системот Intelli-Vision. Гледано од страна, најновата генерација на Astra изгледа особено динамично благодарение на изразениот наклон напред на C-столбот. На задниот дел Opel Compass се повторува со централно монтираниот Blitz, вертикално високо-монтирано стоп светло и задните светла (LED за заштеда на енергија, како и целото надворешно осветлување). Амблемот Blitz исто така служи како брава за задната врата, која е изработена од најсовремен композитен материјал. Оваа технологија не само што е лесна и цврста овозможува и прецизно извршување на дизајнерските детали како што се особено тенките задни светла. Целосно дигитален и целосно застаклен: интуитивно управуван, фокусиран кокпит Pure Panel Истата германска прецизност и рамнотежа се применуваат низ внатрешноста каде што се случи скок напред. Апсолутен врв е најновата генерација на Pure Panel. Овој обемен, дигитален кокпит (целосно застаклен во зависност од верзијата) има два 10 инчи дисплеи, интегрирани - заедно со отворот за воздух на страната на возачот - во хоризонтален формат. Аналогните инструменти се предадени на историјата кај новата Astra. Благодарение на заштитата што спречува отсјај на ветробранското стакло и овозможува подобра прегледност на дисплеите, дополнително ја подобрува високотехнолошката функционалност и амбиент. Дизајнерите и инженерите на Opel се погрижија возачот да ги добие сите потребни информации и корисни опции за работа, но да не биде оптоварен со излишни податоци или функции. Со физичките контроли сведени на минимум во форма на фино изработени копчиња, Pure Panel постигнува оптимален баланс помеѓу дигитализацијата и интуитивното работење, детоксикација од иритирачки визуелни информации и без потреба од подменија. „Визуелна детоксикација“ е клучниот збор овде. Во комбинација со висококвалитетните и прецизно дизајнираните ергономски активни седишта со сертификат AGR, Astra овозможува модерна атмосфера со добро чувство – внатре и надвор. Награда Red Dot: Дизајнерски моменти повеќе од 60 години Сегашната генерација на Opel Astra ја проширува долгата низа признанија со наградата Red Dot за Rüsselsheim. Бројни други модели на Opel и алатки за комуникација веќе ја добија посакуваната награда. Како еден од најголемите светски конкурси за дизајн, наградата „Red Dot“ повеќе од 60 години го препознава иновативниот дизајн во категориите "Product Design", "Brands & Communication Design" и "Design Concept". Во 2023 година, стручното жири оценуваше производи од 60 земји. Оваа награда не се спроведува како натпревар, туку преку индивидуален тест на производот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook