Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотОПЕК ги зголеми прогнозите за побарувачката на нафта Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите среднорочни и долгорочни прогнози за глобалната побарувачка на нафта, предвидувајќи дека мотори на нејзиниот раст ќе бидат Индија, Африка и Блискиот Исток.Во 2028 година, светската побарувачка на нафта треба да достигне 111 милиони барели дневно, објави ОПЕК во својата годишна прогноза, зголемувајќи ја минатогодишната проценка за 800.000 барели дневно. За 2029 година се предвидува побарувачка од 112,3 милиони барели дневно. Меѓу причините за зголемените прогнози, ОПЕК го наведува посилното економско опкружување во споредба со минатата година благодарение на намалувањето на инфлацискиот притисок и пониските трошоци за задолжување. Рестриктивната монетарна политика ја забави активноста во водечките економии, што обично подразбира намалена потрошувачка на енергенси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМировни преговори во Абу Даби, по 8 месеци првпат на иста маса Руси и УкраинциСАД, Русија и Украина денес и утре во Абу Даби ќе продолжат со преговорите за ставање крај на војната во Украина, по пауза од повеќе од осум месеци. Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна ги зголеми очекувањата за скоро склучување мировен договор, спомнувајќи претстоен „голем, прекрасен договор“. Сепак, набљудувачите не очекуваат голем напредок од оваа рунда преговори. САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник – пријателот на Трамп и милијардер Стив Виткоф, кој неодамна го нарече Владимир Путин „хуманитарец“ – како и од зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Последната трилатерална средба се одржа во февруари во Женева, по две претходни средби во Абу Даби. Европската комисија соопшти дека претставници на Европската унија, исто така, ќе бидат присутни во Абу Даби, иако не беше прецизирано во какво својство ќе учествуваат. „Секоја суштинска дискусија за европската безбедносна архитектура може да започне дури откако ќе се постигне прекин на огнот во Украина“, изјави вчера претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. „И таа мора да се одвива во соодветен формат, кој конкретно ќе ги вклучува сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ“, додаде таа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во Москва изјави дека разговорите продолжуваат во „трилатерален“ формат, со посредство на САД, и дека ЕУ нема да биде на преговарачката маса во Абу Даби. Украинската делегација ја предводи шефот на Службата за надворешно разузнавање, Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи поранешниот министер за култура Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин. Неименуван американски функционер вчера изјави дека Русија и Украина, во неофицијални разговори, покажуваат одредена подготвеност за компромис во однос на можна размена на територии. Функционерот, кој ги информираше новинарите пред почетокот на разговорите во вторник, наведе дека едно од клучните прашања ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Ова ја вклучува можноста за обезбедување заштита за Киев, по моделот на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективна одбрана од страна на земјите-членки на НАТО. Досега, Украина и Русија цврсто остануваат на своите територијални барања. Украина бара повлекување на руските сили до меѓународно признатите граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Сепак, американскиот функционер изјави дека, во разговорите зад затворени врати, двете страни покажуваат знаци на подготвеност за компромис. Тој додаде дека постои можност американските претставници, по завршувањето на преговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook