Опаѓа интересот за вакцинација во Кичево - Канал 5

Опаѓа интересот за вакцинација во Кичево

 Во последниве два месеци интересот на граѓаните на Кичево за вакцинација се намалува.

Опаѓа интересот за вакцинација во Кичево

Во Здравствениот дом во Кичево во последните неколку месеци сите пациенти се вакцинираат единствено со вакцината на „Фајзер", потврди одговорната сестра Мира Мојсоска.

-Во Здравствениот дом во Кичево опаѓа интересот на граѓаните за вакцинирање против Ковид-19. Само во февруари бројот на лица кои ја примиле првата и втората доза бележи благо намалување и од 28 вакцинирани со прва доза до средината на месецот бројот се намали на 21 пациент до 1 март. Слична е состојбата и со втората доза кога во истиот период од 31 лице до средината на февруари, во втората половина од месецов бројката се сведе на само 24 лица. Најголем пад се бележи кај лицата кои ја примиле третата доза и од 120 лица вакцинирани до 16 февруари, на крајот на претходниот месец нивниот број да се спушти на само 52 лица, нагласи Мојсоска.

Таа потврди дека поради малиот број на лица вакцинирани во изминатиов период, кумулативниот раст на вакцинирани со прва, втора и трета доза бележи само благ пораст.

-До денес во Здравствениот дом во Кичево прва доза од вакцините на „Синофарм", „Астра Зенека",„Синовак" и„ Фајзер" примиле вкупно 14 577 граѓани, втора доза примиле 14 007 граѓани. Трета доза која почна да се дава во текот на есента примиле 3 466 лица и сите се вакцинирани со Фајзер, посочи Мојоскса и додаде дека и натаму со најголем број дози предничи кинески „Синовак" вкупно 14 424 , а на второ место е„ Фајзер" со вкупно 12 747 дози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Печат од камен, стар 35 века и ранохристијанска амајлија се пронајдени во Турција (ФОТО)

Археолозите кои го ископуваат туркменскиот локалитет Карахојук во централна Турција открија два ретки артефакти со разлика од речиси два милениума. 

Печат од камен, стар 35 века и ранохристијанска амајлија се пронајдени во Турција (ФОТО)

Едниот е камен печат стар 3.500 години, на кој се врежани хиероглифи на лувискиот јазик, и доцноримска христијанска амајлија што содржи исклучително тенок златен лист за кој се верува дека содржи пасус од Библијата.

Откритијата даваат впечатливи докази за долгата историја на населбата, и додека лувискиот печат укажува на организиран административен центар што постоел во доцното бронзено време, амајлијата нуди многу поличен увид во христијанските верувања, кои се користеле за заштита на дете кое живеело на истото место во текот на четвртиот или петтиот век од н.е., објавува „Турки Тудеј“.

Христијанската амајлија е откриена во мал бакарен сад, а археолозите пронајдоа златен лист на неа кој бил дебел само околу 0,1 милиметар.

Иако натписот сè уште не е целосно дешифриран, тимот за ископување верува дека текстот веројатно е земен од Библијата и дека амајлијата му припаѓала на мало дете, кое требало да го заштити од болест, несреќа или натприродни сили.

Предметите беа откриени за време на третата сезона на ископувања на локалитетот во населбата Џумхуриет во Коња.

Ископувањето започна по шест години површински истражувања и се спроведува со дозвола од турското Министерство за култура и туризам, а во него учествуваат претставници на турските универзитети и Универзитетот во Чикаго во Соединетите Американски Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кон Крушево тргна 48. Илинденски коњички марш

Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници.

Кон Крушево тргна 48. Илинденски коњички марш

Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден...

Таму е Елизабета Дамјановска Спасеноска, Бети тргнаа ли коњаниците и кои се нивните пораки пред маршот кон Крушево?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи фатиле Полјак, кој снимал голи деца на плажа во Хрватска- уапсен е

Полицијата во Стон уапси 61-годишен полски државјанин под сомнение дека фотографирал голи деца на плажата Прапратно. 

Туристи фатиле Полјак, кој снимал голи деца на плажа во Хрватска- уапсен е

Мажот, кој веќе е осуден за истото кривично дело, е уапсен откако капач го дојавил, пишува Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Индекс.

Тој бил фатен од капачи

Инцидентот се случил на 23 јули на плажата Прапратно. Се сомнева дека 61-годишниот Полјак фотографирал голи деца додека си играле на плажа и во морето. Неговото однесување било забележано од граѓаните, кои го задржале додека не пристигнала полицијата.

Повратник во притвор

По апсењето, полицијата го претресла шаторот во кампот каде што престојувал Полјакот и автомобилот што го користел. Пронајдени се мобилен уред и три USB мемориски стикови, кои се конфискувани и ќе бидат претресени според судска наредба. Истражувањето потврди дека мажот е повратник, кој отслужил затворска казна во 2007 година за истото кривично дело сторено на Раб. Во сабота, на 25 јули, осомничениот беше изведен пред истражен судија, кој му изрече мерка притвор.

Апел до родителите

Полицијата истакнува дека ваквите случаи ја покажуваат важноста на соработката со граѓаните, чии пријави овозможуваат навремена реакција. Тие исто така апелираа до родителите да ги следат своите деца на плажа, да ги облечат во костими за капење и, доколку видат сомнително лице кое снима деца, веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер