МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
ЗдравјеОпаѓа бројот на новозаразени со коронавирус во Индија, смртноста и натаму висока-Се уште има делови од земјата што не доживеале врв и затоа бројките се уште растат, изјави главната научничка на Светската здравствена организација, Соуми Сваминатан.Индија денеска регистрира нов пад на новозаразени случаи со коронавирус, иако дневниот биланс на смртност и натаму е над 4.000, а експертите предупредуваат дека бројките веројатно нема се веродостојни поради недостигот на тестирања во руралните области, каде што вирусот брзо се шири. Со месеци наназад ниту еден дел од светот не е погоден од пандемијата како што е случајот со Индија, додека новата варијанта на вирусот што беше пронајдена токму во оваа земја го поттика зголемувањето на бројот на заразени, достигнувајќи до повеќе од 400.000 случаи на ден. Дури и по намалувањето забележено во последните денови, експертите изјавуваат дека не е сигурно дека бројот на заразени го достигнал врвот, затоа што расте загриженоста во земјата и во странство поради новата, позаразна варијанта на вирусот Б.1.617. -Се уште има делови од земјата што не доживеале врв и затоа бројките се уште растат, изјави главната научничка на Светската здравствена организација, Соуми Сваминатан. Сваминатан посочи на загрижувачки високата национална стапка на уделот на позитивни, со околу 20 проценти од спроведените тестови, како знак дека може да се случи најлошото. -Тестирањето во голем број на сојузни држави е се уште несоодветно. И кога ќе го видите уделот на позитивни во уделот на тестирани, очигледно е дека не тестираме доволно. Значи, крајните броеви не значат ништо кога се земаат сами за себе, и затоа тие треба да се толкуваат во рамките на контекстот за тоа колку тестирања се направени и колкав е процентот на позитивни, додаде Сваминатан. Индиското Министерство за здравство денеска излезе со податокот за нови 281.386 заразени, што за првпат од 21 април е пад на бројките под 300.000 заразенио дневно. Во изминатото деноноќие во Индија умреле 4.106 лица. Според сегашната траекторија, во следните неколку дена вкупниот број на заразени од епидемијата што ја погоди Индија може да надмине 25 милиони. Вкупниот број на евидентирани смртни случаи е 274.390. Болниците и натаму се присилени да одбиваат прием на пациенти, додека мртовечниците и крематориумите не можат да се справат со наталожените тела. Фотографиите и телевизиските снимки од погребните церемонии на паркинзи и трупови на бреговите на Ганг предизвикаа незадоволство од управувањето на владата со кризата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамЛамборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досегаЛамборџини ги зголеми приходите и покрај падот на продажбата во првата половина од 2026 година.Ламборџини испорача 5.422 автомобили во првите шест месеци од 2026 година, што е за 4,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Падот на продажбата се должи на повисоките американски царини, послабата побарувачка во Кина, конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста на европскиот пазар. Иако новиот Темерарио ги достигна своите први клиенти на почетокот на годината, компанијата не објави колку примероци се продадени или испорачани. Се очекува наследникот на моделот Хуракан да го продолжи успехот на своите претходници. Втората половина од годината ќе биде обележана со почетокот на продажбата на новиот „Urus SE Performante“, кој користи „plug-in“ хибриден погон со 4,0-литарски V8 битурбо мотор и електричен мотор. Вкупната моќност е 812 КС, забрзувањето до 100 км/ч трае 3,3 секунди, додека максималната брзина достигнува 312 км/ч. И покрај помалите испораки, Ламборџини оствари приход од 1,74 милијарди евра, што е зголемување од 7,4 проценти во однос на претходната година. Оперативниот профит изнесуваше 395 милиони евра. Главниот финансиски директор Паоло Пома изјави дека резултатите се постигнати и покрај предизвикувачките глобални економски услови, при што повисоките американски царини и неповолните девизни курсеви негативно влијаат на бизнисот, но не ја оштетуваат позицијата на брендот во луксузниот сегмент. Извор: Б92Тагови: Ламборџини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter