Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
2Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
3Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
СветООН отвори истрага по тврдењето на Трамп дека бил жртва на „тројна саботажа“Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дуџарик, изјави дека Обединетите нации се подготвени целосно и транспарентно да соработуваат со надлежните американски власти. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја извести Постoјаната мисија на САД при Светската организација дека е наредена детална истрага по барање на Вашингтон за наводните инциденти што се случиле за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Генералното собрание на ОН. Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дуџарик, изјави дека Обединетите нации се подготвени целосно и транспарентно да соработуваат со надлежните американски власти. Трамп, кој се обрати на генералната дебата на 23 септември во Њујорк, еден ден подоцна побара итна истрага во врска со, како што ги нарече, „тројни саботажи“ – инциденти поврзани со ескалатор, телепромптер и озвучување. „Ова не беше случајност, ова беше тројна саботажа во ОН. Треба да се срамат. Испраќам примерок од ова писмо до генералниот секретар и барам итна истрага“, напиша тој во објава на неговата мрежа Трут Соушл (Truth Social). Првиот инцидент се случил кога Трамп и првата дама Меланија Трамп се качиле на ескалатор во зградата на ОН, кој нагло застанал. „Неверојатно е што Меланија и јас не паднавме со лицето напред врз острите рабови на овие метални скали. Само тоа што цврсто ги држевме рачките спречи катастрофа“, напиша Трамп. Тој потсети на напис во британскиот Сандеј Тајмс, според кој службеници на ОН претходно се шегувале дека би можеле да исклучат ескалатор за да го понижат американскиот претседател. „Оние што го сторија тоа треба да бидат уапсени!“, додаде тој. Вториот проблем бил со телепромптерот, кој престанал да работи во текот на неговиот говор. „Можам само да кажам дека кој и да го управува овој телепромптер е во големи неволји“, изјави Трамп. Подоцна од ОН беше соопштено дека уредот не бил во нивна надлежност, туку го донела и користела делегацијата на Белата куќа, која ги приклучила сопствените лаптопи во системот на ОН. Третиот инцидент се однесува на озвучувањето во салата. Според Трамп, звукот бил „целосно исклучен“ и „светските лидери не можеа ништо да слушнат без слушалки за превод“. Од ОН објаснија дека системот е дизајниран говорите да се слушаат преку слушалки со превод на шест јазици, и дека не се забележани поголеми технички проблеми. Белата куќа ги поддржа тврдењата на претседателот. Портпаролката Каролин Левит на платформата „X“ напиша: „Ако некој во ОН намерно го запрел ескалаторот токму кога претседателот и првата дама стапија на него, мора веднаш да биде отпуштен и истражен“. Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц, исто така оцени дека инцидентите се „неприфатливи“ и „симптоматични за расипана институција која претставува сериозен безбедносен ризик“. „САД нема да толерираат закани за нашата безбедност и достоинство на меѓународни форуми. Очекуваме брза соработка и одлучна акција“, напиша Волц. ОН, пак, понудија свои објаснувања. Дуџарик изјави дека ескалаторот можеби бил запрен ненамерно од снимател од делегацијата на Трамп, кој се движел наназад снимајќи го парот, и на тој начин ја активирал безбедносната команда за итен прекин. Друг портпарол, Фархан Азиз Хак, повтори дека телепромптерот бил опрема на американската делегација и прашањата треба да се упатат до Белата куќа. Истрагата за инцидентите е во тек. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМомчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)Новиот „Мерцедес VLE“ е еден од моделите на германскиот производител наменет за семејства со деца, но на овогодинешниот Салон за автомобили во Париз, средбата со ова електрично комбе тргна во погрешна насока.Две момчиња успеале да го стартуваат изложеното возило и да го стават во рикверц, при што комбето удрило во ѕидот на изложбениот простор. На кратката снимка од инцидентот, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како претставник на „Мерцедес“ – задолжен за презентација на возилото – прави залуден обид да го спречи судирот. За среќа, овој пат не стануваше збор за скап „Бугати Широн“, туку за новиот електричен „Мерцедес VLE“. Инцидентот се случи во саботата, претпоследниот ден од саемот, во изложбениот центар „Париз Експо Порт де Версај“. Возилото беше паркирано пред изложбена позадина со натписот „Redefinir L'Espace“ – што од француски јазик се преведува како „редефинирање на просторот“. Момчето кое на толку необичен начин го стартуваше комбето, секако успеа да го „редефинира“ просторот што моделот „VLE“ го заземаше на штандот на „Мерцедес“. 🚨🇫🇷🚗 Un enfant a CRASHÉ LE NOUVEAU MERCEDES VLE CONTRE UN MUR au Salon de l’auto. 😭 https://t.co/9BC1S4j9Qo — Impact (@ImpactMediaFR) October 17, 2026 Откако „Мерцедес VLE“ во бронзена боја удри во ѕидот, останаа видливи оштетувања. Вработен во „Мерцедес“ очајно ги крена рацете, додека двете момчиња – кои изгледаа како да немаат повеќе од 12 години – излегоа од возилото видно засрамени. Набргу потоа им пријде припадник на обезбедувањето. Не е познато што се случило со момчињата понатаму, ниту пак колкава е штетата на самиот автомобил. Основниот модел „Мерцедес VLE 300“, чија цена започнува од 79.000 евра, се придвижува со еден електромотор со моќност од 272 коњски сили. Според „WLTP“ циклусот, овој модел може да помине до 700 километри со едно полнење на батеријата од 115 kWh. Помоќниот „VLE 400 4Matic“ поседува два електромотори, погон на сите тркала и вкупна моќност од 409 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, додека на основната верзија ѝ се потребни 9,5 секунди за истото. Извор: Б92Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Париз многу наскоро ќе стане муслимански градАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека Париз „многу наскоро ќе стане муслимански град“.„Видете, Емануел ми е пријател. Уште одамна му реков дека прави голема грешка во Франција. Тој дозволува влез на луѓе од целиот свет. Целиот свет доаѓа таму и, како што знаете, Париз многу наскоро ќе стане муслимански град. А тоа не беше договорот. Тоа не беше договорот“, изјави Трамп пред Белата куќа, пред да замине на предизборен собир во Канзас. „Му реков на Емануел дека треба да ги затвори границите. Го познавам околу осум или девет години. Штом го запознав, му реков дека прави голема грешка. Ние ги затворивме нашите граници, тој не ги затвори“, нагласи тој. „Мигранти, џихадисти и комунисти ја освоија, ограбија и до темел ја изгореа“ Трамп тврди дека немирите во Франција се доказ за колапсот на западната цивилизација и за опасностите од имиграцијата. На собирот во Канзас, Трамп ја опиша Франција како некогаш голема нација која била „освоена, ограбена и до темел изгорена“ од „мигранти, џихадисти и комунисти“. „Ако сакате да видите што е влог на овие избори, само погледнете што се случува во Франција“, предупреди тој. „Ова се случува во Франција, а тие сакаат истото да се случи и во нашата земја. Тоа овде никогаш нема да се случи“, изјави Трамп, предизвикувајќи гласни овации кај илјадниците присутни во Канзас – држава со силно републиканско определување, каде што републиканскиот сенатор Роџер Маршал се соочува со неочекувано тежок предизвик од демократот Адам Хамилтон. Претходно истиот ден, Трамп го повтори своето тврдење дека мигрантите ја „презеле“ Франција. На социјалната мрежа „Truth Social“, тој напиша дека лидерите на земјата мора „ВЕДНАШ ДА ГИ ЗАТВОРАТ ГРАНИЦИТЕ!“ Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на властСДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт.Огромната поддршка која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери и е помала од минатите локални избори. Но, сепак Филипче и другарите тоа го прославија како успех. ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. Или во превод, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1. СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори. Рејтингот им е минорен, кредибилитетот одамна им е изгубен, а никој освен пријателите на Заев, не му дава поддршка на Филипче. Но, сепак и покрај сите демократски правила и принципи, ние не сметаме дека Венко Филипче треба да си поднесе оставка. За нас, Филипче е најдоброто решение за претседател на СДС. Се додека Филипче го води СДС по насока на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а ние ќе продолжиме и натаму да реализираме проекти и мерки во интерес на граѓаните. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter