25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
125 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
ЗдравјеОнлајн протест „Стоматологијата на респиратор"Онлајн протест „Стоматологијата на респиратор" – се бара субвенционирање на сите приватни стоматолошки установи.Субвенционирање на сите приватни здравствени установи кои што имаат под 1 500 пациенти за износот, до 1 500 капитирани пациенти, сите ПЗУ кои работат надвор од мрежата да бидат помогнати со бруто плати и да се зголеми бројот на пациенти по тим за добивање на лиценца на 1 500 до 2 000 жители, бара Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, кои денеска одржаа онлајн протест под мотото „Стоматологијата на респиратор". Дополнително, Здружението бара внесување во Закон за здравствена заштита методологија за пресметка на минимални референтни цени на стоматолошки услуги, како и дефинирање на минимална плата за стоматолог и сестра во приватниот сектор, по примерот на јавно здравство и минималните референтни цени ФЗО да ги пресметува согласно предложената Методологија од здружението. Претседателот на здружението Жарко Ѓорѓиев, порача дека овој протест е почетен, и најави дека ќе продолжи се додека нема одговор од надлежните институции и не се седне на преговарачка маса да се реши проблемот. – Нашите барања ќе бидат проследени до премиерот, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со надеж дека ќе добиеме повратен одговор со цел што поскоро да почнеме со преговори и да се реализираат барањата, рече Ѓорѓиев. Пандемијата и новите протоколи за работа, посочи тој, дополнително ја отежниле работата и ги зголемиле трошоците. – Притистнати од сите три проблеми пред два месеци со писмен допис до Министерот за здравство побаравме прекинатите преговори да продолжат. До ден денешен повратен одговор не добивме. Нашите барања да започнеме со преговори и промена на блок на финансирање како мерка за опстанок на приватните стоматолози се уште стојат актуелни и заклучени во некоја фиока, изјави Ѓорѓиев. На протестот беше посочено дека во општа стоматологија има, преку 800 тимови со помалку од 1 500 капитирани пациенти кои и досега не биле во можност да ги покријат основните трошоци за да би исплатиле минимални плати по тим и дека затоа, Здружението бара напуштање на финансирањето во општа стоматологија по моделот на капитација и градење на нов модел на финансирање според завршена стоматолошка услуга со утврден минимален загарантиран праг на месечен износ по тим и анализа на реализираните услуги до и над договорениот фиксен дел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаВидео: Прва кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!Кошаркарката Кејла Мекбрајд им приреди спектакуларна вечер на навивачите на „Минесота Линкс“ во женската НБА лига.Искусната кошаркарка која игра на бековската позиција постави нов рекорд во WNBA за најмногу постигнати тројки на еден натпревар, погодувајќи 10 тројки во победата од 103-90 над „Далас Вингс“. Мекбрајд погоди 10 од 14 обиди од линијата за три поени (од оддалеченост од 7,24 метри) и го заврши натпреварот со рекордни 43 поени во кариерата. Историската, десетта тројка беше постигната на 2 минути и 23 секунди пред крајот, со што ѝ донесе на Минесота водство од 98-83. Кога го напушти теренот нешто повеќе од една минута подоцна, таа беше испратена со аплауз од преполниот „Таргет центар“. „Минеаполис стана мој дом и сакам да го дадам најдоброто од себе. Без разлика дали топката ќе влезе во кошот или не, чувствувам голема љубов. Токму затоа можам да излезам на теренот и да бидам она што сум. Ја сакам оваа игра и сакам да победувам“, рече Мекбрајд. Претходниот рекорд изнесуваше девет постигнати тројки на еден натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите. По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите - искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само. И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме. Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства. Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце. „За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта,грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија. Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина. Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само. Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на: https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Македонија25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото ЉубанциУтринава цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана. Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05