Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното
2Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното
ЗдравјеОнколошките пациенти веќе имаат терапија, уверува Таравари Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека онколошките пациенти во државава веќе имаат терапија. Истовремено, тој нагласи дека дисперзацијата мора да функционира.- За онколошките пациенти, сигурен сум дека веќе имаат терапија. Дисперзацијата мора да функционира. Значи Битола, Тетово, Штип и ГОБ „8 Септември“, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти коишто можат да примат во тие болници. Ќе останат најтешките пациенти да бидат третирани во клиничка болница на Клиниката за онкологија, одговори Таравари на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники. На 21 јануари, пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје останаа без биолошка терапија. Како што информираа тогаш за МИА дел од нив, немало биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваа дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“. МИА тогаш се обрати и до Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје. - Состојбата со достапноста на биолошката терапија е резултат на административни процедури, што се реализираат согласно буџетот за 2024 година. Овој буџет беше изработен во претходната година врз основа на проценките во тој период и не ги одразуваше целосно тековните потреби на клиниката. Дополнително, треба да се земат предвид и континуираниот пораст на бројот на онколошки пациенти, како и сложеноста на административните и финансиските процеси што влијаат врз набавката на лекови, одговорија од Клиниката. Во врска со предизвиците поврзани со тендерските постапки, како што информираа, се преземале мерки за подобро планирање на набавките и поедноставување на процедурите, во соработка со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. - Нашата цел е да обезбедиме навремено и континуирано снабдување со овој вид терапија за пациентите, веруваме дека со овие мерки, актуелниот недостаток ќе биде надминат во најкраток можен рок. Во меѓувреме, пациентите се третираат со терапијата што моментално е достапна во Клиниката, согласно препораките на специјалистите и медицинските протоколи за третман, беше одговорот на Клиниката на прашањата на МИА. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски во изјава за МИА истакна дека од УКРО се информирани за недостигот на некои лекови. - Според информациите од клиниката, тоа е поради несоодветното планирање во 2024 година, премин од 2024 во 2025 годинa и зголемен број на пациенти во декември. Фондот во 2024 година за УКРО одобри дополнителни пет милиони евра. Фондот работи на договор на зголемен буџет за 2025 година. И покрај напорите за зголемување на финансиите, УКРО треба да има јасни и транспарентни критериуми за вклучување на пациентите на посебните терапии. Треба да се воведе регистар на пациенти и други подобрувања за соодветно планирање и следење, подвлече Клековски тогаш за МИА. На 6 февруари, при презентација на годишниот план за 2025 година, беше кажано дека условните буџети се зголемени од три милијарди на 5,8, а како што беше посочено, тоа треба да послужи да се затвори стравувањето на пациентите дека ќе снема скапи лекови. Најголеми условни буџети имаат УК за радиотерапија и онкологија - Скопје, УК за детски болести - Скопје, Хематологија, Неврологија, Ревматологија, Кардиологија, Дигестивна хирургија, Гастроентерохепатологија, Државна кардиохиругија и Институтот за траснфузиона медицина на РСМ - Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПоезија од Мозамбик во срцето на Прилеп„Да живее Македонија, да живее Мозамбик“, слемираа Елијане Лусија Леонардо Бутелане и Наташа Сокре, гостинките слемерки од Мозамбик, на фестивалот „Поетски слем Македонија“, кој четири дена се одржува во Прилеп.Во полната сала на киното „Мис Стон“, публиката имаше можност одблизу да го почувствува пулсот на Африка, со поезија во која беа испреплетени традицијата и современите социјални горливи расни, политички и родови прашања. Елијане Лусија Леонардо Бутелане е писателка, слемерка и активистка од Мапуто, Мозамбик, добитничка на повеќе национални книжевни награди и признанија, како и национална претставничка на својата земја на Светското привенство во слем -поезија во 2025 година, кое се одржа во Париз, Франција. Наташа Сокре е писателка, активистка, слемерка од Мапуто, Мозамбик, голем борец за човекови права, чиј збор поттикнува поголема општествена свесност за правата на жените, децата, родовата еднаквост и социјалната неправда. Повеќе пати ги освојува првите три места на поголем дел од слем-натпреварите во Мозамбик. Покрај настапот на гостинките-слемерки, втората фестивалска вечер се одржа и полуфиналето за слем-поезија, на која најмногу поени добија Стефанија Граовац, Тони Павлески и Лилјана Сливоска. Тие вечерва во финалето ќе се натпреваруваат со Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје. Третиот фестивалски ден ќе се одржат и неколку поетски промоции на книги, како и главното слем-натпреварување. Промоција на збирка поезија од Марија Грубор, чија промоторка ќе биде Елена Пренџова, ќе се одржи во клуб „Дипломатик“ со почеток во 18 часот. Фестивалот свечено ќе се отвори со слем-караванот, кој ќе почне на прилепскиот плоштад (кај Саатот) и ќе се движи до НУЦК „Марко Цепенков“. Ќе се одржи и промоција на книгата „Како паѓаме јас и ти“ од Ненад Јолдески, а промотор ќе биде Ѓоко Здравески. Главното слем-финале ќе се одржи во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, по што следи концертна промоција на збирката „Пружини“ од Пијан Славеј (Бранислав Николов), заедно со „Хот џез оркестра“. „Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Годинешниот победник ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, со можност и на Светското, а како подарок ќе добие часовник од брендот „11и11“. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп. Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектиранотоЗадолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела .Нивото на јавниот долг останува во рамки на проектираното и Фискалната стратегија. До крајот на годината ќе се реализираат задолжувања само што се планирани во Буџетот и Ребалансот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско гостување. „Министерството за финансии не може да се задолжува дополнително ако тоа не е предвидено со Буџетот и Ребалансот“, рече министерката и појасни дека заради промена на состојбата на пазарите е направено задолжување на меѓународниот пазар и дека генерално со домашно задолжување ќе се заокружи дефицитот за годинава. Наведе дека се следат состојбите, се прават калкулации и се избираат опции за пониски камати. При тоа посочи дека до крајот на годината нема да има издавање на еврообврзница. „Ги разгледуваме состојбите. Издавањето на Еврообврзницата ќе зависи од состојбите на пазарот. Неизвесноста е голема и затоа ја разгледуваме и можноста за следната година да издадеме 2 еврообврзници или да имаме два различни типови на задолжување. Не сме одлучиле дека ќе биде во јануари, може и февруари. Но како и да е секако еден дел обврзница треба да имаме за да може да ја сервисираме Еврообврзницата издадена во 2023 година, а која доспева во 2027 година која беше со каматна стапка повисока од 6%. Значи дека каматната стапка тогаш била поприлично висока“, посочи министерката. Во интервјуто се осврна на Ребалансот на Буџетот којшто беше усвоен од страна на Владата. При тоа се посочи дека капиталните расходи кај кратењето е по основ на КАПЕФ механизмот, односно дека има одложување на проекти кај кои нема реализација согласно планот, а дека нема кратење на проекти кои што имаат редовна динамика на реализација. За инфлацијата изрази очекувања дека ќе се стабилизира, додека во врска со подготовката на Буџетот за наредната година посочи дека се работи и дека ќе се движи во рамки на Фискалната стратегија, а од проритети ќе бидат здравството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаАнкета Маркет вижн: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водствоГолеми се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн.Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2%. 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање. Меѓу испитаниците кои се определени за одредена политичка партија, за Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто. И кај лидерите, довербата за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, (20,4%) е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ (3,8%). Дури 44,1% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5% не сакаат да одговорат на ова прашање. Довербата за Али Ахмети е 3,7%, за Димитар Апасиев – 3,4%, за Изет Меџити – 2,6%. Лидерите на новата политичка партија Влен, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ. И анкетата спроведена во јуни покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски пред опозициската СДСМ. Анкетата е спроведена со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter