Онколошките пациенти од 4 август ќе ја земаат таблетарната терапија од аптеките треба да земат рецепт од матичниот лекар - Канал 5

Онколошките пациенти од 4 август ќе ја земаат таблетарната терапија од аптеките треба да земат рецепт од матичниот лекар

Онколошките пациенти од 4 август ќе можат да ја подигнат таблетарната терапија анастрозол и летрозол во аптеките, изјави првиот човек на фондот за здравство Сашо Клековски.

Онколошките пациенти од 4 август ќе ја земаат таблетарната терапија од аптеките треба да земат рецепт од матичниот лекар

Партиципацијата на лекот ќе чини 50 денари. Пациентите со извештај од специјалист онколог треба да отидат кај својот матичен доктор и да им издаде рецепт и во аптека да ги подигнат лековите.

Ваквата измена е со цел да им се помогне на пациентите да не одат до клиника да ја земаат терапијата.

Во врска со хормонската инјекција ресилиго, која ја примаат онколошките пациенти, во текот на идната недела ќе бидат известени каде ќе ја примаат терпијата, известуваат од Клиниката за онкологија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По вонредна инспекција, ќе се урива дивоградба во старото градско јадро во Охрид

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид .

По вонредна инспекција, ќе се урива дивоградба во старото градско јадро во Охрид

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид откако при вонредна инспекција било утврдено дека сопственикот не постапил по претходно донесено решение за отстранување на дивоградбата.

Како што информираа од Министерството за транспорт, вонредниот инспекциски надзор бил извршен по информации добиени од јавноста. Државен инспектор излегол на терен и извршил контрола при што било утвредено дека и покрај претходно донесеното решение од страна на инспекторатот за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на државниот инспектор, инспекторатот ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од Транспорт и додаваат дека остануваат силно посветени на борбата против нелегалните градби и дека законот за градење ќе се применува подеднакво за сите, без исклучоци и без селективност, насекаде низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Шумски пожар во местото Тијана, во близина на Барселона, е ставен под контрола, а полицијата уапси маж за кој се сомнева дека е вмешан во неговото предизвикување, објавија денеска шпанските власти.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Регионалната служба за цивилна заштита го укина полицискиот час за жителите на Тијана, Сант Фост де Кампсентељес, Марторелс и Санта Марија де Марторелс, кој беше воведен во текот на денот поради пожарот, но препорача граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби, објави RTVE.

Пожарникарите соопштија дека околу 30 копнени екипи и еден авион сè уште се вклучени во гаснењето на пожарот, додека постепено намалување на бројот на вклучени сили се очекува во текот на вечерта.

Каталонската полиција (Mosos d'Esquadra) уапси маж за наводна вмешаност во предизвикување шумски пожар во Тијана, кој се проширил во околните градови и загрозил околу 16.000 луѓе.

Пожарот избувнал околу 10:45 часот наутро во областа на депонија помеѓу Тијана и Монгат, и се проширил на околу 38 хектари земјиште. Чадот беше видлив од Барселона.

Не се пријавени повредени за време на интервенцијата и не е предизвикана никаква штета на станбени згради, соопшти противпожарната служба.

Регионалниот пат Б-500 помеѓу Бадалона и Молет дел Валес исто така беше привремено затворен поради пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива.

- Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер