Онколошки пациенти повторно алармираат за недостиг на лекови - Канал 5

Онколошки пациенти повторно алармираат за недостиг на лекови

Во аптеките низ земјава го нема лекот золадекс, кој на пациентите со карцином на дојката им е неопходен и мораат да го примат на точно одреден датум во месецот – вели за Канал 5 онколошка пациентка која сакаше да остане анонимна.

Онколошки пациенти повторно алармираат за недостиг на лекови

Таа објаснува дека лекот е на товар на фондот и тој е особено неопходен на хормонозависните пациенти, бидејки го спречува циклусот кај жената. Пациентката посочува дека лекот е достапен во земјите во соседството, меѓутоа тримесечната терапија чини околу 14.000 денари, сума за која вели дека не може секој пациент да си ја дозволи.

- Јас како пациентка која што се бори со карцином, треба да го примам золадекс на точно одредена дата, на почетокот сите доктори го даваат на месечна доза, а после тоа го даваат на 3 месеци. Доколку се пропушти тој лек и има подолг прекин терапијата претходно џабе се примала и давала. Еднаш имам пробано да ја прашам докторката неколку дена порано да ми го даде, ме одби со објаснување дека мора да биде на точниот датум. Недостаток од кога имаат незнам меѓутоа такво нешто не смее да се случи, тие тендери треба да бидат планирани.

Медицинската дирекорка на клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска вели дека едната доза на лекот која е тромесечна како во случајот на пациентката е завршена по тендер, кој деновиве ќе продолжи и лекот ќе пристигне во земјава, а во меѓувреме пациентите можат да ја набават другата едномесечна доза на лекот како алтернатива, за која вели дека е достапна.

Онколошките пациенти дополнително се жалат дека со часови чекаат пред болничките врати за да добијат лек или да примат терапија, но и од лошите хигиенски услови во клиниката.

- Јас не знам зошто се чека толку многу кога на пример тие што се со хемотерапија имаат предност, се прави кратка анамнеза од страна на лекарот и оди пациентот на терапија, не знам зошто толку многу се чека. Денеска имаше на пример отпушоци од цигари по скалите, смрди ВЦ-њата трујат..

На почетокот на годинава, обвинителството отвори истрага по скандалот на оваа клиника каде на име на онколошки пациенти се набавувала скапа биолошка терапија во неколкукратно големи дози. Во истрагата осомничени се пет лица, меѓукои и екс медицинсиот директор на клиниката Нино Васев, но случајот се уште нема судска разарешница.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Овие ролери немаат никаква врска со возачите, но решаваат еден необичен проблем.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Сообраќајните знаци на холандските автопати имаат друга, прилично необична улога - тие привлекуваат бувови, кои ги користат за набљудување додека ловат глувци покрај патот.

Ова може да биде многу опасно. Кога був ќе одлета од знак и ќе се спушти врз својот плен, тој може да заврши пред возило. Судирот може да биде фатален за птицата, но може да предизвика и сериозна штета на автомобил или камион.

Затоа на некои сообраќајни знаци се инсталирани специјални ротирачки ролери. Тие ги спречуваат бувовите да слетаат на знакот и да останат на него, пишува „Revija HAK“.

Оваа заштита е инсталирана првенствено на делови каде што се регистрирани голем број смртни случаи на бувови. Ова навидум едноставно решение истовремено ги штити птиците и го намалува ризикот за учесниците во сообраќајот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер