ОН: Во светот се раселени рекордни 80 милиони луѓе, еден отсто од човештвото

Како што се проценува на крајот на 2019 година околу 79, 5 милиони луѓе биле или бегалци, или баратели на азил или лица откорнати од сопствената земја.

Во светот рекордни речиси 80 милиони луѓе, што претставува повеќе од еден отсто од човештвото, биле принудени да ги напуштат своите домови бегајќи од насилство или прогон и денес живеат далеку од своите домови, покажува новиот извештај на високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) објавен денес.

Како што се проценува на крајот на 2019 година околу 79, 5 милиони луѓе биле или бегалци, или баратели на азил или лица откорнати од сопствената земја, со се помалку изгледи да се вратат во неа. Според он, ова значи дека има сЀ повеќе конфликти и повеќе насилство. Пред десет години имало 40 милиони раселени, значи бројката се дуплирала, и нема тенденција за успорување. Тоа значи и дека се недоволни политичките решенија побарани да се стави крај на кризите поради кои населението бега од своите земји и е спречено да се врати во нив.

Намирници за поздрав појадок за лица со над 40 години

Здравата исхрана е важна за управување со тежината. A пак, појадокот, во таа смисла, важи за најважниот оброк во денот, којшто влијае на човековиот метаболизам и нивото на енергија. 

За луѓето со над 40 години, високо-протеинска, а ниско-калорична храна наутро може да биде особено корисна.

Протеините се клучни за градењето мускули и губењето маснотии, бидејќи поттикнуваат ситост, обновување и зајакнување на мускулите и помагаат за здрав метаболизам. Д-р Рејчел Лоу од Лондон, Велика Британија, говорејќи за женското списание „Шифајндс“ (SheFinds), посочи три одлични опции за појадок за оние во петтото десетлетие од својот живот, па нагоре, коишто може да придонесат за губење на тежината и поцврсто мускулно ткиво.

1. Процедениот јогурт е моќен појадок што нуди приближно 10 грама висококвалитетни протеини на порција од 100 грама.

- Тој, исто така, е богат со калциум и пробиотици, коишто се клучни за добро здравје на цревата. За да ги подобриме придобивките од сѐ тоа, можеме да го мешаме со свежо овошје како што се бобинки, јаткасти плодови или семиња за да додадеме влакна и здрави масти, вели Лоу.

2. Јајцата се одличен извор на протеини, со околу шест грама во големо јајце.

- Јајцата се многу богати со витамини и минерали, како што се витамините Б и холин, а тие се неопходни за мускулната функција и метаболизмот. Без разлика дали ги сакаме изматени, пржени или варени, јајцата се фантастичен начин да го почнете денот, објаснува Лоу.

3. Свежото сирење е уште еден млечен производ богат со протеини - содржи околу 11 грама протеини на 100 грама сирење. Има мал дел масти и висок удел на казеин-протеинот што се вари полека, поради што нѐ држи сити подолго време. Лоу предлага овие намирници да се комбинираат со овошје или тост од цело житно зрно за урамнотежен оброк.

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите...

Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економскиот развој и борбата против корупцијата.

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.

Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.

Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле.

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Вест Хем неделава ќе го промовира тренерот Лопетеги

 Хулен Лопетеги во блиска иднина ќе го преземе тренерското место Вест Хем.

Шпанскиот фудбалски стручњак ќе стане нов селектор на лондонскиот тим. Двете страни постигнаа целосен договор. Официјално соопштение за назначувањето на Лопетеги се очекува оваа недела, објавија британските медиуми.

Вчерашниот меч со Манчестер сити (1:3) беше последен за Дејвид Мојс на чело на „чеканите“. Шкотланѓанецот го водеше тимот од 2019 година.

Вест Хем ја заврши сезоната 2023/24 во Премиер лигата на 9. место на табелата со 52 бода.

притисни ентер