3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
МакедонијаОН усвои резолуција за Украина - Македонија гласаше „за“Македонија гласаше за Резолуцијата на Генералното собрание при ОН која повикува на итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина и е посветена на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина .Македонија гласаше за Резолуцијата на Генералното собрание при ОН која повикува на итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина и е посветена на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници. Иако резолуцијата беше усвоена со 107 гласа, пред гласањето мнозинството од државите, меѓу кои и Македонија, го отфрлија обидот на САД од текстот да ги извади термините за територијалниот интегритет и праведен мир, на кои Украинската претставничка цврсто се спротистави и ургираше до останатите земји да не го гласаат предлогот. -Нашето мислење е дека одреден јазик во резолуцијата веројатно ќе го одвлече вниманието од тековните преговори, наместо да ја поддржи дискусијата за целиот спектар на дипломатски патишта што би можеле да го отворат патот кон траен мир,- - Теми Брус, амбасадорка на САД во ОН. -Одредбите што ги таргетираат САД се однесуваат на принципите на суверенитет и територијален интегритет, единство на земјите-членки, вклучително и Украина, а слабеењето или отстранувањето на овој текст ќе испрати многу опасен сигнал дека овие фундаментални принципи се предмет на преговори,- - Мариана Бетса, заменик министер за надворешни работи на Украина. Помеѓу 51 воздржани во гласањето за резолуцијата се најдоа САД, Кина, Унгарија и соседна Србија, а против Резолуцијата гласаше Русија. Руската претставничка изрази критика за како што рече неоснованото свикување на оваа специјална сесија за Украина и како што потенцираше исполитизирано гласање за резолуција која се усвојува во време на тековните трилатерални преговори, кои наместо да бидат проследени со како што рече тивка воздржаност, дипломатските напори, особено оние на САД, не се почитуваат. -Денес, кога се отвори вистински прозорец на можности за политичко решавање на украинската криза, она за што мора да зборуваме не се прокламации, туку дипломатија. Делегациите работат во предизвикувачки услови, целосно свесни за својата историска одговорност за исходот,- -Ана Евстигнеева, Заменик-постојан претставник на РФ во ОН. Од МНР за Канал 5 појаснуваат дека гласале за резолуцијата бидејќи се повикува на како што велат, најфундаменталните принципи на Повелбата на Обединетите нации кон кои и нашата држава доследно се придружува. Меѓутоа, не посочуваат зошто Македонија гласала против предлогот на нашиот стратешки партнер САД предлог-резолуцијата да се видоизмени. -Овие позиции се целосно усогласени со ставовите што Македонија континуирано и јавно ги застапува – поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на државите, почитување на меѓународното право и залагање за праведен и одржлив мир. Оттука, нашата држава го поддржа текстот на резолуцијата во целина, како што беше поднесен. Воедно, ја поздравуваме клучната улога на Соединетите Американски Држави во дипломатските напори за изнаоѓање трајно решение на војната и за постигнување стабилен и одржлив мир, како што е наведено и во самата резолуција,- - Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Во соопштението на МНР се поздравува и улогата на САД во дипломатските напори за изнаоѓање трајно решение за војната и за постигнување стабилен и одржлив мир, а тоа како што посочуваат од МНР, е наведено и во самата резолуција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44