Расте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)
1Расте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)
3МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
ЖивотОН: Трансатлантската трговија со робови е „најсериозното злосторство против човештвото“Генералното собрание на Обединетите нации ја класифицираше трансатлантската трговија со робови како „најсериозно злосторство против човештвото“ во усвоената резолуција во која се бара и враќање на културните артефакти во нивните земји на потекло.Резолуцијата ја предложи Гана, а ја поддржаа 123 земји. Израел, САД и Аргентина гласаа против. Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки. Во резолуцијата се наведува дека поробувањето на Африканците и трансатлантската трговија со робови треба да се сметаат за „најсериозно злосторство против човештвото“ поради обемот, времетраењето, системската природа, бруталноста и трајните последици од злосторството, објави германска ДПА. Американскиот претставник ја критикуваше резолуцијата, велејќи дека Обединетите нации не се основани за да промовираат специфични програми или како што тој опиша - специјализирани меѓународни годишнини. Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на ропството и трансатлантската трговија со робови. Помеѓу 16-ти и 19-ти век, европските колонијалисти поробувале милиони Африканци и ги депортирале во Америка и Карибите, од кои многумина умирале за време на патувањето. Велика Британија ја укина трговијата со робови во 1807 година, а ропството официјално беше забрането во САД во 1865 година. Обединетите нации го забранија ропството низ целиот свет со усвојување на Универзалната декларација за човекови права во 1948 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисМедведев збесна во Синсинати- настрада екранот со реклами (ВИДЕО)Данил Медведев (30) отпадна од Мастерсот во Синсинати по драматичниот натпревар против Брендон Накашима. Американецот, 22-риот носител во светот, го победи четвртиот носител со 6-7(3), 7-6(4), 6-1 по два часа и 51 минута игра, иако спаси три последователни меч топки во вториот сет. Мечот беше обележан со неколку испади од Медведев. Првиот се случи во првиот сет. По сервисот на Накашима, Русинот не успеа да ја фати топката, која се одби од LED рекламниот ѕид зад него и го удри во главата. Потоа Медведев го фрли својот рекет кон рекламниот екран, оштетувајќи го. Le pétage de câble (assez comique) de Daniil Medvedev à Cincinnati 😁 pic.twitter.com/RjvwUy09GM — Eurosport France (@Eurosport_FR) August 19, 2026 Го изгуби трпението по три промашени меч топки Медведев успеа да се смири потоа. Накашима водеше со 5-2 во првиот сет и имаше четири сет топки, но Русинот се врати и го освои сетот во тај-брејк. Во вториот сет, Медведев водеше со 5:4 и 0:40 на сервисот на Американецот и стигна до три нерешени меч топки. Накашима ги спаси сите. Првиот го реши со одење кон мрежата, вториот по промена од 18 шута, а третиот со сервис-волеј игра. Потоа Американецот го доби тај-брејкот со 7:4 и го одведе мечот до одлучувачкиот сет. Медведев повторно го изгуби трпението. Ги погоди рекламните екрани зад основната линија, а во еден момент ги преврте микрофоните до теренот. Во третиот сет повеќе немаше неизвесност. Накашима двапати му го одзеде сервисот на Медведев и го комплетираше големиот пресврт со 6:1. Тоа беше негова прва победа над Русинот во нивната четврта средба. Накашима игра одлично ова лето „Кога се најдов на меч-поените, само си реков да продолжам да се борам за секој поен. Многу сум задоволен од нивото што го покажав во третиот сет“, рече Накашима по победата. Американецот го игра најдобриот тенис во својата кариера. Тој пристигна во Синсинати по првото финале на Мастерс 1000 во кариерата, кое го освои во Монтреал, а претходно играше во полуфиналето во Вашингтон. Тој моментално е на најдобриот ранг во кариерата, 22-ро место, и има резултат од 10:2 на летната турнеја на тврда подлога во Северна Америка. Во осминафиналето во Синсинати, тој ќе игра против Португалецот Нуно Борхес, кој го нокаутира Андреј Рубљов со 6:3, 6:4.Тагови: Данил Медведев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРасте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)Најмалку 23 лица загинаа, а четворица се повредени во челен судир меѓу минибус и камион на автопатот BR-373 во бразилската држава Парана, соопшти денеска операторот на патиштата Виа Араукарија во објава на социјалната мрежа X.Сите жртви биле патници во минибусот, додаде Виа Араукарија. Патот бил целосно блокиран по несреќата и немало проценка кога сообраќајот ќе се врати во нормала, соопшти операторот на патиштата. Според прелиминарниот извештај од Федералната сообраќајна полиција на Бразил, повеќето од жртвите биле патници во минибусот, кој припаѓа на здравствената служба на општината Имбитува, град во истата област. Возачот на камионот, исто така, загинал во несреќата. Пет повредени лица биле спасени и однесени во болниците во Понта Гроса, објавува CNN Brasil. Според првичните информации, камионот преминал во спротивната лента и се судрил челно со минибусот. Екипите во моментов го истражуваат местото на настанот и ги отстрануваат возилата за да соберат докази и да ги утврдат точните околности и текот на несреќата. Камионот се движел од Карамбеј до Прудентонополис, додека минибусот се движел од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба. Според информациите од Федералната сообраќајна полиција, камионот имал регистарски таблички од градот Ересао, на север од државата Рио Гранде до Сул. BRASIL | Um acidente entre um micro-ônibus e um caminhão deixou 21 mortos e quatro feridos na BR-373, em Imbituva, na região Central do Paraná. A colisão foi registrada na madrugada desta quarta-feira (19). #caminhao #onibus #acidente #parana #abcmais pic.twitter.com/XYaAbwgMT9 — Jornal NH (@jornalnh) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенираат припадници на Цивилната полиција, Федералната сообраќајна полиција, службата за итни случаи SAMU, форензичката полиција, противпожарната служба, како и екипи од концесионерот што управува со патот.Тагови: Бразил камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаМВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП ТабановцеОд денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка. Поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци. Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците. Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички. „Безбеден град“ претставува значаен инструмент за унапредување на безбедноста во сообраќајот и зголемување на одговорноста кај сите учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи продолжува со имплементацијата на системот, со цел неговата примена постепено да се прошири и на останатите гранични премини во државата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook