ОН: Секојдневно умираат 140 жени како последица на насилство од интимни партнери - Канал 5

ОН: Секојдневно умираат 140 жени како последица на насилство од интимни партнери

Секојдневно умираат 140 жени како последица на насилство од интимни партнери и членови на семејствата.

ОН: Секојдневно умираат 140 жени како последица на насилство од интимни партнери

Две агенции на ОН оценија дека во 2023 година во светот во просек дневно умираат 140 жени и девојки, или една на секои десет минути како последица на насилство од страна на интимен партнер или член на семејството.

Вкупниот број починати жени и девојки во оваа категорија лани изнесувал околу 51.000, во споредба со приближно 48.800 жртви во 2022 година, соопштија денеска од „ОН-Жени“ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал.

Во извештајот, објавен по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, се наведува дека зголемените бројки главно се должат на порастот на достапните податоци од земјите, а не на реален пораст на бројот на убиства.

Според проценките на „ОН-Жени“, во светот на секои 10 минути се случува убиство на жена од страна на партнер или член на семејството. Двете агенции истакнаа дека „жените и девојките ширум светот продолжуваат да страдаат од оваа крајна форма на родово насилство, без исклучок во ниту еден регион“.

-Домот е најопасното место за жените и девојките, се истакнува во извештајот.

Најголем број убиства извршени од интимни партнери и членови на семејството се регистрирани во Африка – 21.700 жртви. Африка исто така има највисока стапка на убиства според бројот на население – 2,9 жртви на 100 илјади луѓе.

Високи стапки се забележани и на американскиот континент (1,6 жртви на 100 илјади луѓе) и во Океанија (1,5 жртви на 100 илјади). Стапките се значително пониски во Азија (0,8 на 100 илјади) и во Европа (0,6 на 100 илјади).

Според извештајот, намерните убиства на жени во приватната сфера во Европа и Америка најчесто ги извршуваат интимни партнери.

Наспроти тоа, огромното мнозинство убиства на мажи се случуваат надвор од домот и семејството, се вели во извештајот. „Иако мажите и момчињата претставуваат огромно мнозинство жртви на убиства, жените и девојките непропорционално страдаат од смртоносно насилство во приватната сфера,“ се наведува во извештајот.

Се проценува дека 80 отсто од сите жртви на убиства во 2023 година биле мажи, додека 20 отсто биле жени. Но, смртоносното насилство во семејството многу повеќе ги засега жените отколку мажите: речиси 60 отсто од сите намерно убиени жени во 2023 година биле жртви на интимни партнери или членови на семејството, се наведува во извештајот.

Извештајот истакнува дека, и покрај напорите на државите за спречување на убиства на жени и девојки, нивото на овие убиства „останува алармантно високо“.

-Тие често се кулминација на повторувачки епизоди на родово насилство, што значи дека можат да се спречат со навремена и ефикасна интервенција, изјавија двете агенции на ОН.

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените се одбележува на 25 ноември. Годинава навршуваат 25 години од прогласувањето на оваа дата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистенти

Хаосот што Мицкоски и Јаневска го создадоа во образованието продолжува секоја учебна година.

Манасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистенти

Над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку.

Нема сегмент во образованието каде што не е хаос.

И децата со попреченост останаа без потребната поддршка од образовен асистент.

Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1-ви септември се без образовните асистенти што им се потребни.

За нив и за нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност.

Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава - образованието.

И ова не е првпат.

Трета година по ред, министерката Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост.

Образовниот асистент е неопходна поддршка за децата со попреченост - поддршка што им овозможува да ја следат наставата, да учествуваат во училишниот процес и да ги остваруваат своите права рамноправно со другите деца.

Кога таа поддршка ја нема последиците директно ги чувствуваат и децата и нивните семејства.

Јаневска треба да одговори зошто ги остави децата со попреченост без образовни асистенти?

Училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште до 30 јуни, по завршувањето на уписите.

Што направи Министерството за образование со тие барања?

Зашто ако постапката за вработување трае повеќе од 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца реално би добиле образовен асистент дури по 20 септември.

Што треба да прават овие деца до тогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури?

Министерке, децата не се само бројка во табела.

Тие имаат право на образование, право на еднакви можности и право на поддршка согласно нивните индивидуални потреби.

Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница.

А денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година.

СДСМ бара итно да се решат проблемот и ниту едно дете со попреченост да не остане без потребната образовна поддршка.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“

Силниот ехо-ритам на македонскиот искон повторно ќе го растрепери срцето на Обединетото Кралство.

Од Ланголен до Лондон и Оксфорд: НУ „Танец“ се враќа во Велика Британија по 76 години од историскиот триумф на „Тешкото“

По точно 76 години од 1950 година — кога Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на Меѓународниот фестивал во Ланголен го воодушеви светот, ја освои првата награда и го запиша митското оро „Тешкото“ во светската уметничка историја — ансамблот се враќа со два ексклузивни концерта во Лондон и Оксфорд.

Настапот во Ланголен во 1950 година беше првото историско претставување на „Танец“ надвор од границите на земјата. Тогаш, ритмичкиот и пркосен скок на „Тешкото“, поддржан од исконскиот ек на зурлата и тапанот, ги испрати британските критичари во восхит и растрепери милиони срца, докажувајќи дека македонскиот фолклорен код поседува универзална уметничка моќ.

По повеќе од седум децении, „Танец“ повторно ја носи истата оган-енергија пред британската и меѓународната публика:

• Лондон: 16 септември 2026 година

• Оксфорд: 18 септември 2026 година

Со врвна уметничка прецизност, раскошни автентични носии и богата музичкосценска програма, уметниците од „Танец“ ќе ги изведат канонските ора „Тешкото, „Драчевка“ и низа традиционални вокално-инструментални бисери.

„Искрите што беа запалени во Ланголен во 1950 година, кога македонското 'Тешкото' се запечати во срцето на Велика Британија, никогаш не згаснаа. Нашето враќање во Лондон и Оксфорд по точно 76 години не е само симболично затворање на еден голем културен круг, туку и горда потврда дека 'Танец' останува живиот чувар и светски амбасадор на македонскиот идентитет и традиција.“

Оваа турнеја претставува врв на македонската културна дипломатија за оваа сезона, продлабочувајќи ги врските меѓу двете држави и зацврстувајќи го местото на македонското фолклорно наследство во престижните европски и уметнички центри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

AERO Street Food Festival уште денес и утре!

Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“, под покровителство на Општина Аеродром.

AERO Street Food Festival уште денес и утре!

Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации.

Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата.

Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна.

Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика и познати светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено.

AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание.

Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park.

Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче“.

Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер