ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа - Канал 5

ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа

 ОН соопшти дека над 2.400 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа за три дена од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас.

ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа

Само вчера, во палестинската енклава влегле 897 камиони со помош. Исто така, во неделата влегле 630 камиони, а во понеделникот 915.

Примирјето предвидува најмалку 600 камиони помош дневно, од кои 50 мора да носат гориво, а половина од вкупната помош е наменета за северниот дел на Газа, каде што жителите се соочуваат со закана од глад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини

Канада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини. Гласањето се одржува денес.

Канада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини

Жителите на Алберта денес ќе одлучат дали да го започнат процесот за распишување обврзувачки референдум за отцепување од Канада.

Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичката опција би предизвикала опасна неизвесност во време кога трае трговската војна со Соединетите Држави, пишува „Еуроњуз“ (Euronews).

Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од жителите на оваа западна канадска провинција. И покрај тоа, во пресрет на гласањето, целото внимание е насочено кон излезноста и прашањето дали еден мотивиран сепаратистички табор, во услови на пасивност на федералистите, може да постигне неочекуван резултат.

„Не дозволувајте некој да ви каже дека исходот е веќе одлучен. Излезноста ќе го одреди резултатот“, изјави Карни на еден собир во четвртокот. Карни, кој израснал во Алберта, го нарече референдумот „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени царини и се заканува со анексија, со цел да ја скрши канадската решителност. „Гласајте како од тоа да зависи опстанокот на Канада – бидејќи навистина зависи“, рече Карни.

Алберта ги поседува четвртите по големина докажани резерви на нафта во светот, а сепаратистичкото движење е поттикнато од незадоволството од начинот на кој федералната влада управува со овој сектор.

Многу жители на Алберта остро му се спротивставија на претходникот на Карни, Џастин Трудо, обвинувајќи го дека преку своите климатски политики се обидува да го задуши производството на нафта.

„Ако сакате да посочам кој е одговорен за сепаратистичкото расположение, сметам дека тоа е Џастин Трудо“, изјави овој месец премиерката на Алберта, Даниел Смит, во подкастот „Канадаленд“ (Canadaland).

На еден сепаратистички собир во Едмонтон, одржан во саботата, 61-годишната Сенди Мартел изјави за новинската агенција АФП дека луѓето поврзани со нафтената индустрија се чувствуваат „ограбени, измамени и лошо третирани“.

„Време е да се исправиме и да кажеме: доста е“, додаде таа. Гласањето доаѓа само неколку дена откако во пожар во една воена база во оваа провинција загинаа најмалку четворица војници, а десетици беа повредени, што предизвика изливи на сочувство низ целата земја.

Конзервативната премиерка на Алберта вели дека сака покраината да остане во Канада, но распиша референдум за конечно да се реши ова спорно прашање. Доколку мнозинството гласа за отцепување, таа вети дека ќе иницира процес што ќе води кон обврзувачки референдум. Ако победат федералистите, Смит смета дека прашањето за отцепување треба да се смета за затворено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литера отвора ново поглавје: „Градови полни приказни“ и нов центар за детска креативност

Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца и млади „Литера“ најавува два значајни проекта – едиција сликовници посветени на македонските градови и отворање Центар за развој на детска креативност.

Литера отвора ново поглавје: „Градови полни приказни“ и нов центар за детска креативност

Од денес, 19 октомври до 10 ноември 2026 година е отворен конкурс за авторски текстови за сликовници под заедничката тема „Градови полни приказни“. Со овие иницијативи, фестивалот го проширува своето дејствување во целогодишна платформа за литература, илустрација, уметност и едукација.

Шест градови, шест сликовници, една Македонија раскажана низ приказни. Гевгелија, Битола, Охрид, Скопје, Прилеп и Куманово ќе добијат свои авторски сликовници, кои преку автентични приказни и илустрации ќе го претстават нивниот културен идентитет пред домашната и меѓународната публика.

Под мотото „Градови полни приказни“, „Литера“ ги повикува авторите да создадат оригинални текстови инспирирани од овие шест македонски градови. Конкурсот е отворен од 19 октомври до 10 ноември 2026 година и има цел да поттикне нови авторски гласови и современи приказни што ќе го доближат културното богатство на Македонија до најмладите генерации.

Шесте сликовници ќе бидат изработени со висококвалитетни материјали и обединети во специјално дизајнирана кутија со интерактивна игра за запознавање на градовите. Проектот создава современо книжевно, визуелно и едукативно искуство, со потенцијал за промоција на македонската култура надвор од земјата.

Од 1 ноември започнува со работа Центарот за детска креативност

Во исто време, „Литера“ отвора Центар за развој на детската креативност, кој од 1 ноември 2026 година ќе понуди тематски работилници за боја, илустрација, 3Д-форми, раскажување приказни преку цртеж и изработка на сликовници. Работилниците ќе ги водат професионални автори и стручни лица, а програмата ќе се објавува однапред, со пријавување и до пополнување на капацитетите.

Осум години посветени на квалитетната детска литература

Во изминатите осум години „Литера“ придонесува за нов пристап кон детската литература и илустрацијата во Македонија, афирмирајќи ја сликовницата како уметничко дело со важна улога во развојот на визуелната култура, имагинацијата и љубовта кон читањето.

„Веруваме дека вложувањето во детската литература и креативност е вложување во културната иднина на нашата земја. Со едицијата „Градови полни приказни“ сакаме да покажеме дека секој град има приказна што вреди да се раскаже и зачува. Паралелно, создаваме простор во кој децата ќе можат да ја развиваат својата имагинација и креативност.

Нашата цел не е само да создаваме нови читатели, туку и идни автори, илустратори и генерации со развиена визуелна култура“, велат од тимот на „Литера“.

Во 2026 година фестивалот ја развива својата целогодишна платформа, која ќе обедини изложби, работилници, предавања, професионални вмрежувања и меѓународни претставувања. Со новите проекти, „Литера“ продолжува да гради простор во кој приказните ја зачувуваат културата, а креативноста ја обликува иднината.

Автор на официјалната илустрација за Литера 2026 е Анастасија Јованова.

Конкурс „Градови полни приказни“

Рок за доставување авторски текстови: 10 ноември 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија создава погранична безбедносна зона во Украина за која нема да се преговара

Русија воспоставува безбедносна зона во Украина по должината на нејзината граница, што нема да биде предмет на какви било преговори со киев во иднина, изјави претседателот Владимир Путин.

Путин: Русија создава погранична безбедносна зона во Украина за која нема да се преговара

Тој рече дека операцијата е одговор на украинската инвазија во западниот руски регион Курск во 2024/25 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека планираната безбедносна зона се протега 660 километри, од кои 70% моментално се под контрола на Русија. Не кажа колку длабоко ќе навлегува во Украина.

Путин рече дека руските сили сè уште не освоиле нешто повеќе од 10% од територијата на Доњецк и 16,5% од регионот запорожје, два од четиритие региони што беа анектирани во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер