ОН предупредуваат: Борбата против женското генитално осакатување е загрозена - Канал 5

ОН предупредуваат: Борбата против женското генитално осакатување е загрозена

Борбата против женското генитално осакатување е загрозена од практиката да се испраќаат девојчиња во земји кои не го забрануваат тоа, предупредија денеска ОН, повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира.

ОН предупредуваат: Борбата против женското генитално осакатување е загрозена

Иако многу земји вложуваат повеќе напори за искоренување на осакатувањето на женските гениталии, тоа продолжува низ целиот свет, делумно поради „тајната природа“ на овие прекугранични движења кои ги заобиколуваат забраните, според Високата комисија за човекови права на ОН.

Овој феномен, кој е тешко да се измери, особено ги погодува девојчињата кои живеат во Европа или САД, кои се принудени тајно да одат за време на училишниот распуст, но се засегнати и други региони, се вели во извештајот на Високиот комесаријат испратен до медиумите.

Иако „прекуграничното женско осакатување на гениталиите“ отсекогаш постоело, еден од факторите кои сега го фаворизираат во Африка е разликата во законодавството меѓу земјите, иако повеќето земји на континентот го криминализираа осакатувањето.

„Осакатувањето на женските гениталии е дел од континуумот на родово засновано насилство и нема место во светот каде што се почитуваат човековите права“, наведува во соопштението високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Туерк.

Тој ги повика земјите да „обезбедат усвојување на хармонизиран глобален пристап“ за справување со причините и последиците од оваа практика, првенствено преку усогласување на нивните правни и политички рамки, со цел да се стави крај на оваа штетна практика насекаде во светот.

Во некои случаи, девојчињата се носат во земји кои служат како „транснационални центри за осакатување на женските гениталии“, посочуваат од ОН, без да прецизираат кои земји.

Туерк, исто така, ги повика земјите да го засилат собирањето податоци, иако тој нагласи дека таинствената природа на овие движења го отежнува нивното квантифицирање. Статистиката особено недостасува на Блискиот Исток и Азија.

Според Фондот за население на ОН повеќе од 200 милиони девојчиња и жени кои живеат денес биле подложени на осакатување на гениталиите. Во 2024 година, околу 4,3 милиони девојчиња се изложени на ризик да бидат погодени од оваа практика.

Според Високата комисија, ако практиката продолжи со сегашната стапка, 68 милиони девојчиња ќе бидат подложени на осакатување на женските гениталии меѓу 2015 и 2030 година.

Според извештајот, во Европската унија има 600.000 жени кои биле подложени на осакатување на женските гениталии, а загрозени се 190.000 млади девојки./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. 

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократите

Односите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.

Италија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократите

Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот.

„Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“.

Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир.

Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот

На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди.

МП: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството

Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители.

Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди.

За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија.

Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните.

Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати, соопшти Министерството за правда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер