Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
2Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
СветОН: Повеќе од 1,2 милиона Авганистанци веќе го напуштиле ИранОд почетокот на годината и под притисок на иранските власти над 1,2 милиона Авганистанци го напуштиле Иран и се вратиле во нивната земја, соопштија денеска Обединетите нации, јави ДПА.-Околу половината од нив биле насилно депортирани, изјави Бабар Балох, портпарол на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Женева. Егзодусот драстично се зголеми во последните недел. Од почетокот на јуни, повеќе од 600.000 луѓе пристигнале во Авганистан од Иран, додаде тој, пренесува ДПА. За време на кратката војна меѓу Израел и Иран минатиот месец, иранските безбедносни власти ја засилија репресијата врз Авганистанците. Стотици беа уапсени под обвинение за шпионажа или саботажа, објавија иранските државни медиуми. По војната, Иран, исто така, објави дека ќе ги протера сите странци без важечки дозволи за престој. Дури и пред воената ескалација со Израел, во земјата имаше жестоки дебати за големиот број бегалци од соседен Авганистан, кои ја напуштија својата татковина во голем број откако талибанците ја повратија власта пред речиси четири години. Многу од нив работеа во ниско платени сектори во големите градови. УНХЦР наведува дека Иран е најважната земја домаќин во светот за авганистански бегалци,а организацијата во април објави дека во Иран има околу 3,5 милиони Авганистанци. Претставникот на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Авганистан, Сами Факури, соопшти дека многу од пристигнатите немаат поим каде да одат да живеат. Тие, исто така, се загрижени за своите деца, особено за безбедноста и образованието на девојчињата, рече тој. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денес објави дека се во тек подготовки за депортирање на уште еден милион луѓе од Иран во Авганистан, со предупредување дека масовните депортации го оптоваруваат системот за обезбедување хуманитарна помош.Тагови: Авганистанци Иран ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСАД: Ова е клучниот услов за завршување на конфликтотАмериканскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за збогатување нуклеарен материјал за да постигне договор со Вашингтон и да ја заврши седуммесечната војна.„Нема да прифатиме зборови наместо дела“, рече Венс во интервју за Ројтерс, додавајќи дека Техеран ќе треба да преземе конкретни чекори во врска со својата нуклеарна програма, наместо само да нуди уверувања за идни намалувања на активноста. „Ако не сакате нуклеарно оружје, тогаш зошто ви е потребно гориво збогатено до 60 проценти?“, праша Венс. Венс истакна дека САД преговараат со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, но дека Вашингтон не е сигурен во обемот на нивните овластувања во рамките на иранската структура на власт по смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади на почетокот на војната. „Не е сосема јасно како нивната земја носи одлуки“, рече Венс. Во последните недели, Иран и САД разменија предлози во врска со завршувањето на војната и повторното отворање на Ормускиот теснец. Венс изјави дека САД остануваат отворени за договор, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли најновата понуда на Техеран и предупреди дека воените операции би можеле да се интензивираат по изборите на средината на мандатот. Венс исто така рече дека сè уште нема одлучено дали ќе се кандидира за претседател на САД во 2028 година. „Навистина не сум размислувал многу за тоа“, рече тој.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаМицкоски: 250 дечиња од Шуто Оризари добиваат свое место во новата детска градинка „8 Април“Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот„Добар ден и од мене. Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот. Ние како Влада, како што веќе слушнавте и од страна на претставниците на меѓународната заедница, почитуваните амбасадори, во најскоро време ќе дадеме согласност за вработување на кадар и на тој начин сето она кое што е инвестирано и направено ќе биде ставено во функција. И она што мене посебно ме прави среќен е што повеќе нема да имаме листа на чекање овде во Општина Шуто Оризари, односно капацитетите ќе бидат целосно исполнети. Ќе можат родителите дечињата да ги остават тука, ќе имаме кадар кој што ќе се грижи за нивното детство и за периодот од денот кога тие ќе престојуваат токму во оваа градинка. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на амбасадорот на Норвешка, на Швајцарија, на сето тоа кое што го направија за оваа градинка и за да можеме ние денеска еве овдека да стоиме и да практично објавиме дека капацитетот е подготвен да ги прими нашите најмлади, најмили, тоа се дечињата. Исто така да се заблагодарам на Општина Шуто Оризари, на градоначалникот, на Советот, на советниците, на колегите од Владата кои што посветено работат за да можат овие проекти да станат реалност. Како што кажа и министерот, нашата цел е до крајот на мандатот да немаме воопшто листа на чекање низ сите општини во државата. Ако бројката беше 4.500 на почетокот од мандатот на оваа Влада, целта е на крајот на мандатот од оваа Влада да имаме нула дечиња кои што ќе бидат на листа на чекање. Мислам дека и порано тоа ќе го реализираме, но се зависи од динамиката на изградба на објектите. Така што уште еднаш еве нека е честито, нека е со среќа и што повеќе дечиња да можат да ја користат оваа градинка. И уште еднаш благодарност до сите кои што учествуваа во реконструкцијата и обновата на овој објект, истакна во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРастат тензиите на границата меѓу Белорусија и Латвија, дали може да дојде до ескалација?Вооружени лица кои придружувале 20 мигранти и се обидувале да им помогнат илегално да преминат од Белорусија во Латвија, им се заканувале на латвиските војници.По заканите, втора група накратко влезе во земјата, изјави латвискиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава на 6 октомври. „Лицата што ги придружуваа илегалните мигранти – а кои се наоѓаа на белоруската страна – беа вооружени, упатуваа закани кон [латвиските] војници и активно ја охрабруваа и насочуваа групата мигранти кон Латвија“, истакна тој во објава на платформата „X“. Кратко потоа, група маскирани лица илегално влезе во Латвија, украде опрема и се врати во Белорусија. „Неколку часа по оваа конфронтација, маскирани лица влегоа на латвиска територија, оштетија дистрибутивен ормар и украдеа камери пред на местото на настанот да пристигне гранична патрола, по што се вратија на белоруска територија“, рече Домбрава. Латвискиот министер ги предупреди белоруските власти дека ваквите гранични инциденти би можеле да доведат до „сериозни последици“ за Минск. Слични инциденти се случувале и претходно, а ЕУ воведе санкции кон земјата во 2021 година поради инструментализација на мигрантите. Активностите на хибридно војување против Европа од страна на Москва и Белорусија се интензивираа во последните месеци додека Русија ја продолжува војната против Украина. Литванските власти соопштија дека силите на НАТО собориле дрон што навлегол во литванскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта на 15 септември. Дронот влегол во литванскиот воздушен простор од соседна Белорусија и прелетал над градот Лентварис, во близина на главниот град Вилњус, пред да биде соборен во близина на големиот град Каунас, изјави за јавниот сервис „LRT“ Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи. Извор: Б92Тагови: белорусија Латвија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook