ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година - Канал 5

ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година

Светската метеоролошка организација (СМО) денеска официјално потврди нов рекорд на температура за континентална Европа од 48,8 степени Целзиусови во Италија на 11 август 2021 година и предупреди дека се очекуваат нови екстремни температури.

ОН потврдија дека во Европа е достигната рекордна висока температура во 2021 година

Наодите се објавени во Меѓународниот весник за климатологија.

„Меѓународен панел од научници за атмосферата ја потврдија температурата регистрирана од автоматизирана метеоролошка станица во Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија“, соопшти метеоролошката агенција на Обединетите нации со седиште во Женева.

Температурата на 11 август 2021 година била речиси еден степен Целзиусов повисока од претходниот рекорд од 48 степени Целзиусови регистриран на 10 јули 1977 година во грчките градови Атина и Елефсина, се вели во извештајот.

„Можно е, всушност веројатно, во иднина да се случат поголеми екстреми низ Европа“, изјави професорот Рандал Сервени, известувач за климата и временските екстреми за СМО.

- Повеќето истражувања – како ова – се долги процедури поради прецизната грижа што СМО ја презема при потврдувањето на временските набљудувања. Таквата макотрпна евалуација обезбедува критична доверба дека нашите глобални рекордни температури правилно се мерат. Освен тоа, оваа истрага ја покажува алармантната тенденција за постојани рекордни високи температури што ќе се достигнат во одредени региони во светот, истакна Сервени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Одговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните.

Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции.

Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо.

Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата.

Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда.

„За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет.

Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот.

ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните.

Две години работа.

Две години резултати.

Една љубов – Македонија!

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер