Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
2Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
3Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
СветОН: Фрламе милијарда тони храна годишно, а луѓето гладуваат- тоа е глобална трагедија Секојдневно во светот се фрлаат повеќе од милијарда оброци и во сиромашните и во богатите земји и покрај тоа што повеќе од 730 милиони луѓе во светот се гладни.Според извештајот на ОН околу петтина од храната се фрла, било од расипништво или лошо планирање, како и поради немање пристап до фрижидер или склад. Тоа предизвикува и глобална цена од трилион долари годишно, пишува Гардијан за извештајот на ОН. Домаќинствата се одговорни за најголемиот дел од отпадот од храна во светот, околу 60% од милијардите тони храна што се фрлаат годишно. Сепак, комерцијалните системи за храна, исто така, значително придонесуваат за отпадот, при што услугите за храна сочинуваат 28% од отпадот, а малопродажбата околу 12% во 2022 година, според најновите податоци. Овие бројки исклучуваат дополнителни 13% од храната што се губи во синџирот на снабдување со храна, помеѓу производството и пазарот, често поради фрлање или расипување на храна за јадење. Не само што овој отпад е губење на природни ресурси, туку во голема мера придонесува за кризата со климата и биолошката разновидност бидејќи сочинува речиси 10% од глобалните емисии на стакленички гасови. Ова го загрозува дивиот свет во областите каде што се практикува интензивно земјоделство, а повеќе од една четвртина од земјоделското земјиште во светот се користи за производство на храна која подоцна се фрла. Ингер Андерсен, извршен директор на Програмата за животна средина на ОН, која го напиша извештајот во соработка со Акционата програма за отпад и ресурси на Британија (Wrap), го опиша отпадот од храна како „глобална трагедија“. „Милиони ќе гладуваат денес бидејќи храната се фрла ширум светот. Не само што е голем развоен проблем, туку влијанието на ваквиот непотребен отпад има големо и штетно влијание врз климата и природата“, рече таа. ОН сега имаат веродостојни податоци од повеќе од 100 земји и слободно може да се каже дека отпадот од храна е глобален проблем, кој влијае на светот во развој, како и на расипнички богатиот свет. Се чини дека повеќе храна се троши во земјите со потопла клима бидејќи храната побрзо се расипува на повисоки температури. Посиромашните семејства немаат помала тенденција да фрлаат храна од оние со повисоки примања, тие во просек се одговорни за околу 7 килограми помалку отпад по лице годишно отколку побогатите домаќинства. Ова може да се должи на недостаток на пристап до соодветно ладење и складирање, потпирање на храна со послаб квалитет и недостаток на време и пари за подготовка на хранливи оброци. Хариет Лемб, извршен директор на Wrap, ги повика државите да преземат акција. „Ни треба поголема координирана акција низ континентите и синџирите на снабдување. Без разлика дали се филантропски, деловни или владини, актерите мора да се соберат зад програмите што се однесуваат на огромното влијание што отпадот од храна го има врз безбедноста на храната, нашата клима и нашите економии“, рече Ламб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од КлековскиСо Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат. Онколошките пациенти повторно се без терапија - по кој знае кој пат откако е криминалната ВМРО-ОКГ на власт. Го нема лекот „паклитаксел“. Пациентите повторно се враќаат дома, без потребната терапија и тоа со информација, дека лекот ќе го нема до Нова година. До Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи. Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски. Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста. Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година. Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски. Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните. Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот. Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати - ама имаат за нивните партиски тендери. Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик. Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен - без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување. За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека! Изјава за медиуми, Елена Радеска – Комисија за здравство СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банкаНа денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка. „Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова. Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка. Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност. „Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД БитолаДафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, постави прашање до Трифун Костовски во врска со механизмите за спасување на Еуростандард банка, како и дали тој остварил средби со тогашни владини функционери. ,,Во периодот пред затворањето на Еуростандард банка, дали лично остваривте средби или комуникација со тогашниот премиер Зоран Заев, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска или пак со било кој друг висок државен функционер и што конкретно побаравте од нив, доколку имало некаква комуникација и дали евентуално нешто имаме доказ за тие разговори и преземените обврски?“, праша пратеничката Стојаноска. Таа посочи дека Костовски во изминатиот период јавно го поддржал пристапот на Народната банка кон Алта банка, односно преземените мерки за нејзино стабилизирање и обидот за обезбедување нов сопственик: ,,Кои конкретни механизми за спасување на Еуростандард банка ги имаше на располагање во 2020 година Народна банка, а според вас не ги искористи и дали тогаш формално или официјално побаравте воведување администрација наместо од она што се случи одземање на дозволата за работа“. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter