ОН: Економијата на Јемен пропаѓа, хуманитарната криза расте

Две третини од населението во Јемен има потреба од хуманитарна помош, но хуманитарните агенции повторно се без пари, предупредуваат од ОН. 

– Економијата на Јемен пропаѓа, хуманитарната криза се зголемува, а конфликтот во таа земја, најсиромашната во арапскиот свет, се влошува, изјави заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања, Рамеш Рајасингем на брифинг во Советот за безбедност на ОН. Тој посочи дека на повеќе од 20 милиони граѓани на Јемен, две третини од населението, им е потребна хуманитарна помош, но дека хуманитарните агенции повторно останаа без пари

Хуманитарните агенции сега им помагаат на 13 милиони луѓе во земјата, околу три милиони повеќе од пред неколку месеци, изјави претставникот на ОН, додавајќи дека со зголемувањето на бројот на луѓе на кои им помагаат е одложен непосредниот ризик од глад од големи размери.

ОН предупредија дека хуманитарните агенции немаат доволно пари за да продолжат во тој обем и дека до четири милиони луѓе би можеле да имаат намалена помош за храна во следните недели и месеци, а таа бројка може да се зголеми на пет милиони до крајот на годинава.

– Ги повикуваме сите да сторат сé што е во нивна моќ за да го одржат темпото кое го поставивме во изминатите месеци за да ја истераме гладта, додаде Рајасингем.

Јемен е во граѓанска војна од 2014 година, кога бунтовниците Хути, поддржани од Иран, ја презедоа контролата врз главниот град Сана и голем дел од северот на земјата, принудувајќи ја меѓународно признатата влада да избега на југ, а потоа и во Саудиска Арабија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер