ОН : Драматично опаѓа бројот на деца на Балканот - Канал 5

ОН : Драматично опаѓа бројот на деца на Балканот

Драматичен пад на бројот на населението во земјите на југоисточна Европа , пред се поради иселување на младите , ја загрозува способноста на овие земји да обезбедат социјална заштита , предупредија денеска Обединетите нации.

ОН : Драматично опаѓа бројот на деца на Балканот

Според најновата проценка на ООН, 9 од 10-те земји со најбрзо опаѓање се во Источна и Југоисточна Европа, изјави Алана Армитаж, директор на Фондот за население на ООН за Источна Европа и Централна Азија, за Ројтерс.

ООН проценува дека до 2050 година Бугарија ќе изгуби четвртина од сегашното население и дека сите околни земји ќе го загубат голем број од своето население во наредните децении.

„Со помалку деца и голема емиграција, населението во Југоисточна Европа се намалува и старее, а за разлика од Западна Европа, нема тенденција на имиграција да ја пополни празнината“, рече Армитаж.

Во повеќето земји од Југоисточна Европа, помеѓу 1995 и 2035 година, процентот на луѓе над 65 години ќе биде двојно поголем, а во некои, три пати од сегашниот број , проценува ООН.

Помалку работоспособно население го поставува прашањето за одржливоста на сегашниот систем на благосостојба, вклучувајќи ги и пензиите, рече Армитаж.

Армитаж смета дека подобрата грижа за децата, пофлексибилното работно време, породилното отсуство за двајцата родители се некои од решенијата за решавање на демографскиот проблем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Има ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. 

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици.

Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.

Трамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална  средба во Кина

Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“.

Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина.

Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција.

Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температури над просекот

Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. 

Променливо облачно со температури над просекот

Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер