ЖивотОН добија дозвола од Израел за влегување на уште 100 камиони со помош во ГазаОбединетите нации добија дозвола од Израел за влез на околу 100 дополнителни камиони со помош во Газа, објави портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Јенс Лерке. „Побаравме и добивме одобрение за многу повеќе камиони отколку што беа одобрени вчера“, рече Лерке на прес-конференција во Женева, прецизирајќи дека станува збор за „околу 100“ камиони. По 11 недели блокада од страна на Израел, девет камиони со помош влегоа вчера во Газа преку преминот Керем Шалом, но Лерке изјави дека само пет камиони всушност стигнале во Газа.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Избран е конзорциум, почнуваме со изградба на нов автопат Скопје-БлацеКонзорциум предводен од македонската фирма “Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце – информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој оцени дека, ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија.Информацијата николоски ја соопшти по средбата со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, со кого како што информираа од министерството за транспорт била изразена заедничката подотвеност за продолжување на партнерството и поддршка на идните инфраструктурини проекти кои се од стратешко значење за државата. Николоски по средбата порача и дека очекува проектот за автопатот Скопје-Блаце да биде завршен за три и пол години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат„Мирот никогаш не бил поблиску„ - позитивни сигнали од медијаторот Пакистан во преговорите за завршување на војната помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Пакистанскиот премиер – Шехбаз Шариф како и шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, без притоа да откријат повеќе детали за содржината, соопштија дека меморандумот за разбирање е во финална фаза. -Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Со финализирање кое веројатно се очекува во следните 24 часа, Пакистан се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела.Уверени сме дека овој историски мировен договор ќе формира силна основа за траен мир.- Шехбаз Шариф, премиер на Пакистан Сепак, засега остануваат конфликтните изјави на Аракчи и американскиот претседател Доналд Трамп околу делот за Иранската нуклеарна програма во договорот. Според Аракчи, нуклеарното прашање ќе биде одложено за втората фаза од разговорите која би траела околу 60 дена. Додека пак, Трамп тврди дека Иран веќе се согласил да ја напушти својата нуклеарна програма. Дополнително не е прецизирано и како евентуален договор ќе влијае врз Ормускиот теснец и поморскиот сообраќај во тој дел од светот. -Од различни причини, што беше невозможно да се дискутираат во сегашната ситуација и барањата што ги имаа беа неприфатливи, се согласивме на втора фаза од разговорите. Во втората фаза ќе се постигне конечен договор, заедно со разговори за ублажување на санкциите на Иран и неколку други прашања што ќе ги дискутираме подоцна, и ќе се постигне конечен договор. Во сегашниот договор, кој е познат како Меморандум за разбирање од Исламабад, војната ќе заврши.- Абас Аракчи, министер за надворешни работи на Иран Аракчи додаде дека во меморандумот за разбирање тие инсистираат да биде вклучен и прекин на израелското бомбардирање врз Либан, кое засега продолжува. Во меѓувреме, откако Трамп посочи дека потпишувањето на мировниот договор би се одвивало во Европа иако мировните преговори ги води Пакистан, Швајцарија веќе се понуди да биде домаќин на церемонијата на потпишувањето што според светските медиуми, би можело да се случи за време на Самитот на Г7 земјите што започнува утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозицијаСДС да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки.СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот. По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата? Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места? Граѓаните знаат дека СДС секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата. Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани. Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДС ги продлабочи додека беше на власт. Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома. На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook