ОН бараат мораториум за продажба и употреба на вештачка интелигенција

Ризикот од дискриминација поврзан со одлуки базирани на употреба на вештачка интелигенција, што може да промени, дефинира или оштети човечки животи, е премногу реален.

Владите треба итно да воведат мораториум за продажба и употреба на системи за вештачка интелигенција, кои претставуваат закана за граѓанските и човековите права додека не се воспостават механизми да ги заштитат, предупреди Канцеларијата на ОН за човекови права.

– Ризикот од дискриминација поврзан со одлуки базирани на употреба на вештачка интелигенција, што може да промени, дефинира или оштети човечки животи, е премногу реален, наведе во извештај високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.

Вештачката интелигенција обично вклучува апликации во кои адаптивниот софтвер анализира огромни количества податоци, извлекува заклучоци од нив и донесува одлуки.

– Сега треба да се преземат мерки за вклучување на заштитни механизми во користењето на вештачката интелигенција во корист на сите нас, додаде Бачелет.

Канцеларијата на ОН бара мораториум за продажба и употреба на системи за вештачка интелигенција кои „претставуваат сериозен ризик за човековите права додека не се воспостават соодветни гаранции". Европската комисија предложи прописи за употреба на вештачка интелигенција во април, врз основа на принципот „колку е поголема потенцијалната опасност, толку се построги прописите" и тој пристап треба да се усвои во идните глобални стандарди, сугерираат ОН.

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

Условите за избор на Мис на Франција ги шокираа кандидатките, подготвија тужба

Француските активистки за правата на жените поднесоа тужба против организаторите на изборот Мис Франција за дискриминација, пренесува порталот Франс инфо.

Групата Osez le féminisme (Осмели се за феминизмот) со три одбиени кандидатки ја обвинија Мис Франција и Ендемол за дискриминација на работа. Тие тврдат дека е неприфатливо условот за избор да е висината над 170 сантиметри, кандидатките да не се во брак и да се „претставнички на убавината“.

„Според францускиот закон, забранет е секаков вид дискриминација врз основа на возраста, моралот, физичкиот изглед и семејниот статус“, изјавила за АФП Виолан Де Филипис-Абате, адвокат на групата „Осез ле феминисме“.

Но, прашање е дали француските натпреварувачки можат да се третираат како вработени. Имено, тие потпишуваат договор, но тоа не е договор за вработување. Француските медиуми пишуваат дека тужителите сега се повикуваат на судската одлука од 2013 година, кога поранешниот кандидат за г -дин Франција ги тужел организаторите од слични причини.

притисни ентер