Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
1Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветОН: Американските напади врз бродови со дрога се кршење на меѓународното правоВисокиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк ги оцени американските напади врз пловни објекти осомничени за шверц на дрога како „недозволиви“ и како кршење на меѓународното право.„Овие напади и растечкиот број на човечки жртви се недозволиви“, се вели во изјавата на Турк, која ја прочита неговата портпаролка Равина Шамдасани на прес-конференција во Женева. „САД мора да ги запрат нападите и да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат вонсудски убиства на луѓе кои се наоѓаат на тие пловни објекти, за какви било криминални дејствија да се осомничени“, додаде високиот комесар на ОН за човекови права. Шамдасани истакна дека високиот комесар веќе го покренал прашањето директно пред американските власти. Портпаролката додаде дека Турк повикува на итно спроведување истрага за американските напади. Воената операција на САД започна на почетокот на септември. Првите напади беа извршени во Карипското Море, а потоа беа погодени и пловни објекти во источниот дел на Тихиот Океан. Според последните податоци, во нападите се убиени над 60 лица. Американскиот претседател Доналд Трамп ја оправда операцијата, посочувајќи дека САД учествуваат во „воен конфликт“ со наркокартелите. Трамп ги прогласи членовите на криминалните банди за борци кои го кршат законот и се повика на истите правни овластувања врз основа на кои владата на Џорџ В. Буш ја започна војната против тероризмот. Шамдасани нагласи дека, според Турк, „воздушните напади на САД против пловни објекти во Карипското Море и Тихиот Океан ги кршат меѓународните закони за заштита на човековите права“. Таа во врска со објаснувањата на САД, подвлече дека одамна е постигната меѓународна согласност дека борбата против незаконскиот шверц на дрога е прашање на спроведување на законот, регулирано со „внимателни ограничувања“ на употребата на смртоносна сила. Тагови: ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)Албанското Министерство за здравство и социјална помош објави прелиминарен список на повредени за време на денешниот опозициски протест во Тирана. Според официјалните податоци, еден повреден полицаец, двајца претставници на медиумите, од кои едниот е странски државјанин, и неколку демонстранти биле примени во Универзитетската болница за трауматологија до 13:45 часот, објави Телеграфи. Министерството објави дека сите примени во болницата се во стабилна состојба, свесни и ја добиваат потребната итна медицинска помош. Според албанските медиуми, екипите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот за да им укажат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница, а меѓу оние што биле лекувани имало и еден демонстрант на кого му се слошило за време на протестот. Протестот на опозицијата во главниот град на Албанија започна со голема тензија откако граѓаните собрани на плоштадот Скендербег ги фрлија првите пиротехнички средства. За време на протестниот марш по булеварот кон зградата на Владата, некои од демонстрантите ги нападнаа зградите на одредени државни институции по трасата на движењето со разни предмети. Ситуацијата дополнително ескалираше кога демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот. Во тоа време, врз полицајците беа фрлени камења и молотови коктели, на што безбедносните сили одговорија со водни топови и солзавец. Снимките од местото на настанот го покажуваат плоштадот обвиен во густ чад, вода и пламен од фрлените молотови коктели, додека тензиите во центарот на Тирана продолжуваат.Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени. Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди. Тагови: Парагвај Црн петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook