ОН: 24% од жените не можат да му одбијат секс со партнерот, 11% не одлучуваат за контрацепција - Канал 5

ОН: 24% од жените не можат да му одбијат секс со партнерот, 11% не одлучуваат за контрацепција

На милиони жени ширум светот им е ускратено правото да донесуваат информирани одлуки за нивните тела, се вели во извештајот на ОН објавен денеска.

ОН: 24% од жените не можат да му одбијат секс со партнерот, 11% не одлучуваат за контрацепција

Околу 257 милиони жени ширум светот имаат незадоволена потреба за безбедна, сигурна контрацепција, според извештајот објавен од Фондот за население на ОН, УНФПА.

Податоците од 68 земји покажуваат дека 44 отсто од жените и девојчињата немаат право да носат одлуки за своето тело кога станува збор за секс, употреба на контрацепција и барање здравствена заштита, соопшти Фондот на ОН.

Извештајот на УНФПА за состојбата со светската популација покажа дека владите сè повеќе спроведуваат политики насочени кон зголемување, намалување или одржување на наталитетот на сметка на правата на жените.

„Телото на жената не би смеело да им робува на популациските цели“, рече извршната директорка на УНФПА Наталија Канем. „За да изградиме напредни и инклузивни општества, без оглед на големината на населението, треба радикално да се преиспитаме како зборуваме за промените на населението и како ги планираме“, посочи таа.

„Човековата репродукција не е ниту проблем ниту решение“, рече Канем, повикувајќи ги владите да ја стават „рамноправноста и правата на половите во центарот“ на политиката на населението.

„Обидот да се влијае на одлуките за репродуктивност на жените само ќе заврши со неуспех. Историјата покажа дека таквите политики ретко се ефективни и ги поткопуваат правата на жените. Инвестирањето во луѓето и нивниот потенцијал е најсигурниот пат до просперитет и мир“, нагласи таа.

Меѓу другото, извештајот покажа дека 24 отсто од жените и девојките не можат да му одбијат секс на партнерот, а 11 отсто не можат да се одлучат за контрацепција, пренесе Индекс.хр.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на „екскурзија“ со семејството?

СДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Разговори што не се официјални. Средби што не се пријавени преку Министерството за надворешни работи.

Преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на Владата.

Како е можно премиерот на една држава да оди на „неофицијални“ разговори за клучното прашање - европската иднина на Македонија, без знаење и без учество на дипломатијата?

Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани?

Одговорот е еден и јасен:

Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост.

Тој одлучува сам.

Тој преговара сам.

Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите.

Ова не е државничка одговорност. Ова е приватизација на државата.

Граѓаните имаат право да знаат:

Што е договорено?

Што е прифатено?

Што е скриено?

Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така.

И нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии.

Скопје, 15.8.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст.

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил.

„Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за реализација на истите им беше потребно подостапно и поповолно финансирање. Затоа, заедно со бизнис секторот и банките креиравме и дефиниравме модел со кој 250 милиони евра се ставија на располагање за развојни инвестиции во домашниот приватен сектор, по најповолни услови и со лесен пристап да стигнат до крајните корисници„, стои во објавата.

Таа додава дека првата транша кон домашните компании беше исплатена во март минатата година и дека до овој момент во македонската економија се инјектирани вкупно 239 милиони евра, износ кој поттикна значаен инвестициски циклус во приватниот сектор и придонесе за поголемо производство, нови вработувања и поголема конкурентност на домашните компании.

„Целта на Владата беше да препознае што им е потребно на домашните компании и да создаде услови тие потреби да се претворат во реални инвестиции. Интересот покажа дека мерката одговара на реалните потреби на бизнисот. Влеговме во овој проект со јасна цел, преку поддршка на приватните инвестиции да поттикнеме значаен инвестициски циклус во домашната економија. А ефектот е поголем бидејќи средствата што ги обезбедува Владата се надополнуваат со сопствени средства на компаниите“, посочува министерката за финансии.

Според министерката најважното прашање сега не е само колку средства се пласирани, туку што се случува со економската активност како резултат на ваквиот пристап до капитал и зголемените инвестиции.

Додава дека индикатори се охрабрувачки. Корпоративното кредитирање во овој период во кој се реализира оваа мерка, бележи просечен годишен раст од 15%, односно во периодот од март минатата година до јуни оваа година се движи помеѓу 13,5% и 16,5% што покажува зголемена кредитна активност и подобар пристап на компаниите до финансиски средства. Растот на БДП во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 3,1%, по растот од 3,5% во четвртиот квартал од 2025 година, 3,8% во третиот и 3,8% во вториот квартал. Еден од значајните придонеси кон растот се јавните и приватните инвестиции.

Позитивни и охрабрувачки сигнали, стои во објавата, гледаме и кај извозот, индустриското производство и вработеноста.

„Сите податоци покажуваат дека економската активност се движи во посакувана насока и се потврда за позитивните ефекти на политиките коишто ги спроведуваме. Токму затоа поддршката за домашниот бизнис ја гледаме како инвестиција во растот на економијата. Овие податоци се важни бидејќи покажуваат дека економските политики треба да се мерат преку конкретните резултати и промените во реалната економија. Целта на Владата е јасна: повеќе инвестиции, зголемено производство, посилни домашни компании, нови работни места, конкурентна домашна економија и одржлив економски раст„, стои во објавата на министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа истакнува дека Владата со посветеност ќе продолжи да креира и спроведува мерки кои ќе им овозможуваат на компаниите да растат, да инвестираат и да создаваат нова вредност за целата економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Лекарите се јасни – нема време за чекање.

Постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.

Потребни се најмалку 100.000 евра, а значителен дел од сумата сè уште недостасува.

Ова не е обичен апел.

Ова е трка со времето.

Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.

Медиуми, јавност – Ве молиме објавете и споделете.

Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.

Да не дозволиме болката да победи.

Да не дозволиме да биде доцна.

Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер