ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
БалканОмилените грчки плажи се непрепознатливи по невремето (ВИДЕО)Грците со солзи во очите гледаат што разорното невреме им направи на некои од нивните најубави острови за само неколку часа.Миконос и Парос едвај паметат ваква штета, а се започна со слаб дожд што започна во неделата попладне. Врнежите набрзо се претворија во страшна бура која уништуваше сѐ пред себе. Улиците станаа реки, а прекрасните плажи кои туристите ги обожаваат се речиси непрепознатливи, објави Репортер. Фотографиите од воздух направени на популарните туристички места на овие острови ја покажуваат штетата предизвикана од поројниот дожд, обилниот град и силните ветрови за само неколку часа. На Парос врнеше колку што обично врне за еден месец во еден ден, а на Миконос за два. Пороите кои се излеаја од планините на Парос го следеа својот „природен пат“, а малата река, која се наоѓа покрај патот што води до срцето на Науса, скапоцен камен на островот носеше сѐ пред себе... За неколку минути сѐ наликуваше на сцена од апокалипсата. Каде и да погледнете, гледате превртени автомобили однесени од поројот, куќи поплавени, улици полни со камења, кал, откорнати дрвја... Патиштата исчезнаа, а поројот однесе тротоари. Некогаш живописното пристаниште Науса, обожувано од сите, се претвори во калливо езеро. Лево и десно од пристаништето, каде што се наоѓаат популарните плажи, водата е исто така темно кафеава. „Епицентарот“ на катастрофата се случи на патот, тој што води право до пристаништето. Патот кој според мештаните е природен поток кој е покриен со асфалт за да ги опслужува сообраќајните потреби на населбата. Проблемот, познат со децении, никогаш не бил ефикасно решен. Како резултат на тоа, секој силен дожд го претвора местото во стапица за возачите и жителите. „Пишувавме пораки и ги оставивме автомобилите паркирани на таа улица. Се обидовме да ги предупредиме луѓето, но никој не нè слушна. Секое возило што беше таму беше однесено од поплавата“, вели Харис Ѓорзидис од општината. Мештаните се револтирани од ваквите „измами“ од општината, бидејќи велат дека не можат да ги отстрануваат автомобилите секогаш кога ќе врне дожд, бидејќи не знаат кога „може да се издигне потокот“. Факт е дека Науса нема друг пат кој би можел да послужи како влез и излез за сите возила што доаѓаат овде. Еднонасочниот карактер на потокот и немањето проекти за контрола на поплавите ги разоткриваат сите недостатоци во решавањето на овој проблем од страна на надлежните. Состојбата секоја година се влошува, особено по развојот на туризмот и зголемениот сообраќај на сите нивоа. Во обид да се зачува традиционалниот карактер на населбата, се чини дека е запоставено најважното - безбедноста на луѓето и инфраструктурата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
БалканШтрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобусШтрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони. Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните. Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо. Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09