Омикрон ја забрза пандемијата, зголемен е и бројот на починати во светот - Канал 5

Омикрон ја забрза пандемијата, зголемен е и бројот на починати во светот

Повеќе од три милиони инфекции со коронавирус дневно се пријавени во просек во светот помеѓу 13 и 19 јануари, над пет пати повеќе отколку на крајот на ноември, кога се појави верзијата омикрон, според Франс прес.

Омикрон ја забрза пандемијата, зголемен е и бројот на починати во светот

Во последните седум дена во просек биле пријавени 3.095.971 случај на ден, што е зголемување за 17 отсто во однос на претходната недела.

Ширењето на омикрон, многу заразната верзија, предизвика нагло забрзување на пандемијата во последниве недели: сегашните бројки се околу 440 отсто повисоки од 569.000 случаи дневно пријавени во просек помеѓу 18 и 24 ноември 2021 година, кога омикрон беше откриен во Јужна Африка и Боцвана.

Тековните податоци се значително повисоки од бројките во претходните бранови на Ковид-19 во светот. Пред појавата на омикрон, рекордот бил 816.840 случаи на ден, што биле пријавени помеѓу 23 и 29 април 2021 година.

Во моментов, најголем пораст на инфекции има во Азија (385.572 случаи на ден во просек во последните седум дена, што е за 68 проценти повеќе од претходната недела), Блискиот Исток (89.900 заразени дневно, +57 проценти) и Латинска Америка и Карибите (397.098, +40 проценти).

И бројот на смртни случаи во светот моментално е во пораст (7.522 смртни случаи дневно во просек во последните седум дена, што е за 11 отсто повеќе од претходната недела) и тој број е поголем од бројките објавени кон крајот на ноември, кога омикрон беше откриен (7343 просечно починале на ден помеѓу 18 и 24 ноември).

Тешките форми на болеста, исто така, се чини дека се поретки кај омикрон отколку кај делта варијантата што претходно доминираше. Во Британија, на пример, бројот на нови инфекции се зголемил за повеќе од 330 отсто во просек помеѓу крајот на ноември и почетокот на јануари. Во исто време, бројот на пациенти на респиратори не пораснал.

Податоците се засноваат на извештаи што секојдневно ги објавуваат здравствените власти на одделни земји. Многу благи и асимптоматски случаи сè уште не се идентификувани, иако многу земји направиле поголеми напори за да ги следат контактите од почетокот на пандемијата кон крајот на 2019 година. Покрај тоа, политиките за тестирање се разликуваат од земја до земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион.

Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа.

Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки.

Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании.

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против.

Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан.

Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат.

Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер