ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЗдравјеОмикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас,Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година.2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала". – Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, истакна тој. Откако за првпат беше регистриран во Јужна Африка во ноември, Омикрон е идентификуван во десетици земји, што ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас. И покрај показателите дека не е потешка од варијантата Делта – која се уше е доминантна – Омикрон според раните податоци покажа дека е позаразен и загрижувачки отпорен на вакцини. Со оглед на тоа што бројот на новозаразени многу брзо се зголемува, Тедрос истакна дека е подобро да се откажат настаните „сега и да се слави подоцна отколку да се слави сега и да се тагува подоцна". – Сега треба да се фокусираме на ставање крај на оваа пандемија, нагласи шефот на СЗО. Тедрос инсистира дека е можно да се запре пандемијата, но рече дека ќе треба да се искористат сите алатки кои асе на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание. И можеби најважно, светот треба да стави крај на очигледната нееднаквост во пристапот до вакцини. – Ако сакаме да ставиме крај на пандемијата во наредната година, мора да ставиме крај на нееднаквоста, нагласи тој. Извршниот директор на германската компанија „Бионтек", која е еден од производителите на вакцината против Ковид-19 – Фајзер/Бионтек, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот Омикрон делуваат „смирувачки", но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата. Директорот на Бионтек, Угур Шахин, за францускиот весник „Монд" истакна дека прелиминарните податоци од Велика Британија и Јужноафриканската Република укажуваат на „ефикасност од околу 70 проценти по третата доза и околу 20 до 40 проценти по втората доза". Шахин, исто така, вели дека чека податоци од реалниот живот за да ја процени точноста на една германска студија која укажува на брзо губење на ефикасноста од околу 25 проценти по три месеци, дури и по примени три дози. Во Велика Британија 12 лица починаа од сојот Омикрон а 104 се хоспитализирани, изјави министерот за правда, Доминик Раб. – Знаеме дека (омикрон) се шири многу брзо. Во моментов имаме 104 хоспитализации и 12 починати. Но, поради доцнење во однос на податоците, не знаеме колку сериозно ќе биде тоа, изјави Раб за Радио Тајмс. Тој додаде дека лицата кои примиле дополнителна доза вакцина против имаат повеќе од 70 отсто заштита, со што ја оправда одлуката за забрзување на кампањата за вакцинација што британската Влада ја донесе пред осум дена. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ги разгледува сите можности да ја држи под контрола варијантата Омикрон на коронавирусот бидејќи ситуацијата во земјата е исклучително тешка, нагласувајќи дека се потребни нови мерки. – Морам да и кажам на британската јавност, и тоа им го порачувам на сите, дека нема да ја исклучиме можноста за воведување нови мерки за заштита на народот, изјави Џонсон по состанокот со членовите на Владата. Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е „исклучително тешка", а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте. Израелските министри одобрија САД и Канада да бидат ставени на списокот на така наречените црвени земји во кои е забрането патувањето на Израелците поради ширењето на сојот омикрон. Властите во Германија планираат да воведат „лесен локдаун" од 28 декември, и покрај прелиминарни планови да не ги заоструваат ограничувањата за вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19. Германија планира да ги ограничи приватните собири на максимум 10 лица кои биле вакцинирани или прележале Ковид-19, а истите ограничувања ќе важат и на отворен и на затворен простор, со тоа што децата помали од 14 години ќе бидат изземени од мерките. Во Словенија бројот на новозаразени лица продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани исто така се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишните празници поради сојот Омикрон на коронавирусот. Во Грција има потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути предупреди да не се задржува на оваа бројка, бидејќи се очекуваат повеќе случаи. Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со патување во некоја од земјите каде што е раширен новиот сој. Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook