Омаж за Ацо Шопов: Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина - Канал 5

Омаж за Ацо Шопов: Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина

​Творечкиот опус на Ацо Шопов е еден од столбовите на македонската модерна поезија. 

Омаж за Ацо Шопов: Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина

Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји. Нашата заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, беше посочено на денешниот настан по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, организиран од Општина Центар и Францускиот институт во Скопје.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во обраќањето на омажот во Музејот на македонската борба во Скопје, ја акцентираше големата вредност на поезијата на Шопов и неговиот придонес кон македонската литература и кон неговата преведувачка дејност.

-Кратко е времето да ги опфатиме сите вредности кои го сочинуваат животот и делото на Шопов. Неговото учество во НОБ, продукцијата на првата повоена книга на македонски јазик, воспоставување на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ но и неговите дипломатски и литературни ангажмани. Црпејќи инспирација во македонското народно творештво и водејќи се од Рацин, генијалноста на Шопов лежи во успехот да креира формули. Таа формула создава постојана модерна поезија, поезија со траен, современ сензибилитет. Шопов ја збогатува нашата литература и со преводи на литературни дела од други јазици, потенцираше Герасимовски.

Според него, Шопов ја проширува границата на македонската литература, сместувајќи ја како трајна вредност во книжевностите на европските земји.

-Наша заедничка обврска е зачувување на неговата оставнина, советување за наше понатамошно создавање на идни настани и манифестации во чест на Ацо Шопов, додаде градоначалникот на Центар.

Директорот на Францускиот институт, Иго Бештел во обраќањето посочи дека Шопов секогаш со себе имал скромност и едноставност, дури и во време кога ги извршувал највисоките функции.

-Ацо Шопов секогаш беше отворен и полн со почит кон светските култури и најмногу од се го водеше љубовта кон францускиот јазик, но уште повеќе, за сопствениот јазик, со кој тој толку блескаво твореше. Во март го славиме месецот на Франкофонијата, пред се на францускиот јазик, но и на вредностите што ги носи повеќејазичноста и почитта кон културната разновидност. Македонскиот јазик кој сега е признаен на европско ниво, се студира во Франција веќе долго време и има сопствена катедра на најпрестижниот јазичен универзитет, додаде Бештел.

Според поетот Веле Смилевски, факт е дека творечкиот развој на Ацо Шопов е еквивалентен на неколку важни фази од развојот на повоената македонската литература. Тие фази, како што рече, со своите специфики се одвиваа во јасно разграничени раздобја.

-А кога се во прашање годините, вистинска мера за нив е песната. Тоа е песната на Ацо Шопов, песната извишена над годините. Песната која и нас денес не потсетува на пораката на својот автор. „Твоите години и моите години, два брега, два камена, две небиднини. Твоите години и моите години наши години“. На тие два брега, два камена и две небиднини се извишува песната на Ацо Шопов како постојан поттик за нови пристапи, доживувања и толкувања. Песната со своите визии, со своите очи и несоници, со своите длабоки тајни и тајни длабочини, песната со своите молитви и со својата убавина на вечноста и вечното откривање, песната со своите тишини и своите интимни трикови и болештини, песната со камења, глуждови. Претставниците на повоената македонска литература одиграа значајна улога во афирмацијата, творештвото и стремежот за освојување на рамништа, кои беа основа на новите современи модерни тенденции, со кои во наредните децении македонската литература го фаќаше чекорот со развојните европски текови, рече Смилевски.

Во тој процес, како што рече, името на Ацо Шопов е трајно вградено со естетскиот прогрес на неговите книги, кои остануваат во нашата книжевна меморија, секоја со свое препознатливо место и значење.

Книжевниот научник Соња Стојменска Елзесер напомена дека творечкиот опус на Шопов е еден од столбовите на македонската модерна поезија. Неговите песни и денес, после цело столетие од неговото раѓање, зрачат и побудуваат емоција и размисла кај читателите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Одговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните.

Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции.

Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо.

Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата.

Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда.

„За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет.

Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот.

ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните.

Две години работа.

Две години резултати.

Една љубов – Македонија!

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер