Олмо и Јамал во конфликт околу бројот на дресот? - Канал 5

Олмо и Јамал во конфликт околу бројот на дресот?

Олмо и Јамал во конфликт околу бројот на дресот? Олмо: Зошто би променил нешто?

Олмо и Јамал во конфликт околу бројот на дресот?

Ѕвездата на Барселона, Дани Олмо, стави крај на шпекулациите за можни несогласувања во шпанската репрезентација во врска со броевите на дресовите за претстојното Светско првенство во 2026 година.

И покрај неговиот фантастичен подем, младата ѕвезда Ламин Јамал нема да го носи славниот дрес со број 10 на Мундијалот, Олмо ќе си ја задржи десетката,објави Goal.com.

Додека Шпанија се подготвува за уште еден обид за освојување на светскиот трон, распределбата на броевите на дресовите предизвика дебата меѓу навивачите и медиумите.

Многумина очекуваа Јамал да го земе престижниот број десет, но тој остана во сопственост на Олмо, додека 18-годишниот крилен напаѓач се одлучи за бројот 19, кој го носеше и на клупско ниво.

Олмо објасни дека одлуката е донесена без никаков конфликт, нагласувајќи ја хармонијата во соблекувалната.

„Нема проблеми, нема драма околу тоа кој го носи бројот 10. Ова се само приказни што доаѓаат однадвор“, рече Олмо на прес-конференција.

За Олмо, одлуката да го задржи бројот 10 била прашање на личен избор и еден вид суеверие.

Играчот од средниот ред беше клучна фигура во триумфалната кампања на Шпанија на Евро 2024 и не гледа причина да промени нешто што се покажа како успешно.

„Тоа е бројот што го носев претходно, со него го освоивме Европското првенство. Ми се допаѓа бројот и зошто би менувал нешто кога сè оди добро?“, додаде Олмо.

Иако одлуката на Јамал да го задржи бројот 19 беше главна тема за медиумите, сепак тој не е единствениот играч што ќе носи неочекуван број на дресот на Мундијалот.

Шпанскиот национален тим беше предмет на многу шпекулации на социјалните мрежи, особено по веста дека на играчот од средниот ред Гави му е доделен бројот 9.

Број, традиционално резервиран за напаѓачите во селекцијата, како Фернандо Торес, Мориентес... сега деветката ќе ја има офанзивниот играч од средниот ред на Барселона, Гави.

Во остатокот од тимот, Педро ќе го носи бројот 20, додека Феран Торес го доби бројот 7. Одлуката на Јамал да го задржи бројот 19 потсетува на неговото време во Барселона, каде што го носеше бројот пред да го преземе бројот 10, кој го носеше волшебникот Лионел Меси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.

 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан.

За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија.

Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните.

Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации.

Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Еден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. 

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига.

Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес.

Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години.

На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа.

Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение.

Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. 

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс.

Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Кинески предлози за соработка

Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување.

Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер