Олимпискиот парк во Лондон се отвора за туристички посети

Олимпискиот парк во Лондон се отвара за туристички посети, откако по завршувањето на Олимпијадата и на Параолимписките игри одржани во текот на август и септември минатата година, беше затворен.



Локацијата на која се одржаа Игрите ќе биде отворена од утре и за време на овој, во Велика Британија велигденски викенд, па се до 23 јуни.

Во овој период Паркот ќе може да се посетува во текот на викендите и во времето на училишните распусти.

Комитетот кој управува со Паркот соопшти дека досега се продадени преку 20 илјади влезници.

Посетителите ќе мора да носат градежнички шлемови, затоа што Олимпискиот парк одново е претворен во големо градилиште на кое се врши трансформацијата и приспособувањето а целиот простор за неговата трајна намена.

Сите овие работи се проценуваат на 550 милиони фунти и со нив Олимпиското село се претвора во станбена населба, спортските објекти се подготвуваат за спортување, а другиот дел од просторот за комерцијална употреба.

Градежниците веќе ги демонтираа големата кошаркарска сала, теренот за хокеј на трева и големиот Мекдоналдс ресторан, а сите зелени површини се претвораат во паркови.

Во паркот се оставени само големиот олимписки стадион и велодромот, како и базените.

Кога ќе бидат комплетирани сите работи, целиот простор на кој се одржаа Олимписките игри уште еднаш свечено ќе биде отворен и прераден на граѓаните за користење.

Главната атракција која посетителите во следните три месеци ќе може да ја користат е олимписката кула, што се наоѓа до главниот олимписки стадион.

извор: МИА

Привршува гласањето на двојните избори

Трендот - дел од граѓаните, особено во општините со мнозинско албанско население, да посегнуваат само по едно гласачко ливче беше присутно и во Скопје во текот на денот..

Сандра Спасовска е пред избирачко место во скопски Чаир.. Сандра, како привршува гласањето во главниот град..

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно беше е да излезат над 725 илјади граѓани..

Јован Ѓорговски и во овие вести со анализа и за денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Еден час до затворањето на гласачките кутии..

Македонија гласа на двојните избори.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Одиме прво во дик..

Таму е Михајло Видимлиски.. Михајло, она што најмногу ги интересира граѓаните - колкава е излезноста и има ли посериозни нерегуларности?

притисни ентер