Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ - Канал 5

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри, денеска го започна патувањето кон Милано и Кортина од античка Олимпија, каде што се одржа и свечена церемонија, но во просториите на Археолошкиот музеј и без публика.

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри, денеска го започна патувањето кон Милано и Кортина од античка Олимпија, каде што се одржа и свечена церемонија, но во просториите на Археолошкиот музеј и без публика, поради лошите временски услови.

Олимпискиот оган беше запален во понеделникот, традиционално, од зраците на сонцето во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, онаму каде што пред 2.800 години беа одржани првите антички олимписки игри и истиот се искористи денеска, со оглед на тоа што времето не дозволи денешната церемонија да се одржи на отворено.

Палењето на оганот за време на пробата во понеделникот беше целосно затворена за јавноста, но снимена и прикажана на денешната церемонија, а потоа продолжи во малата просторија на Археолошкиот музеј.

Следеше традиционалниот ритуал со специјална кореографија, како и молитва и благодарност до богот на сонцето Аполон и молитва до богот Зевс „за мир во целиот свет“.

Првиот факел го презеде освојувачот на бронзен медал во веслање на Олимписките игри во Париз, Гркот Петрос Гајдаѕис, кој заедно со италијанската олимписка шампионка Стефанија Белмондо го предадоа на следниот носач на факел, со што олимпискиот оган го започна деветдневното штафетното патување низ цела Грција.

На манифестацијата во Археолошкиот музеј во Античка Олимпија во присуство на грчкиот претседател Константинос Тасулас, министрите за спорт на Грција и Италија, почесниот претседател на МОК, Томас Бах и други официјални лица, се обратија претседателката на Меѓународниот олимписки комитет Кирсти Ковентри, претседателот на Грчкиот олимписки комитет Исидорос Кувелос, претседателот на Организацискиот комитет на Милано Кортина Џовани Малаго како и градоначалникот на античка Олимпија Аристидис Панајотопулос.

Во пресрет на денешната церемонија се одржа и симболична манифестација, официјалното потпишување на Олимпиското примирје, како што е пракса пред палењето на огнот на Олимписките Игри.

Декларацијата ја потпишаа градоначалниците на античка Олимпија, Илида и Спарта, Меѓународниот центар за олимписко примирје, претседателката на МОК, претседателот на Грчкиот олимписки комитет и други претставници на олимпиското и спортското движење.

Станува збор за современо оживување на античката традиција од пред речиси три илјади години, кога тројцата антички владетели Ифитос, Клеостенис и Ликургус се согласиле на „Договорот за примирје“, обезбедувајќи дека за време на Олимписките игри мирот ќе владее во грчкиот свет.

Олимпискиот оган до следниот четврток ќе патува низ цела Грција, ќе помине 2.200 километри, 23 префектури и седум региони, со 36 церемонии и вклучени 450 лица што ќе го пренесуваат факелот, придружени од 15 возила и 40 претставници на Грчкиот олимписки комитет.

Штафетата на 4 декември ќе пристигне во Атина, каде што на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик, олимпискиот оган ќе биде предаден на Организацискиот одбор на ЗОИ „Милано Кортина 2026“,

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Од иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата Ристов

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот.

Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв.

-Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР.

Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии.

Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева.

Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите.

Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер