Олимписката штафета предадена на Бразил - Канал 5

Олимписката штафета предадена на Бразил

Британскиот амбасадор во ОН, МаркГрант, чија земја минатата година ги организираше Олимписките игри во Лондон, му ја предаде Олимписката штафета на Луиз Алберт Фигуеиред Мачад, постојан претставник на Бразил во ОН, земјата која ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2016 година.

Олимписката штафета предадена на Бразил
На свеченото примо-предавање во Њујорк присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и голем број дипломати.


Во обраќањето пред присутните Бан изрази уверување дека Бразил ќе биде успешен домаќин на следната Олимпијада, додавајќи дека организацијата на оваа спортска манифестација дополнително ќе го поттикне економскиот развој на земјата.

Нагласувајќи ја симболиката на предавањето на Олимписката штафета, Бан истакна дека предавањето од рака на рака претставува симбол на мирот и соживотот.

Грант потсети дека лондонската Олимпијада помогна во спортскиот развој на повеќе од 11 милиони деца во дури 20 земји од светот и го исполни своето мото на изградба на мир и солидарност меѓу различните народи и нации.

Бразилскиот амбасадор во ОН изрази уверување дека и Олимпијадата во неговата земја ќе биде успешна смотра и ќе придонесе за економски просперитет на Бразил. гт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршни подготовки: „Tesla“ започнува со масовно производство на хуманоидниот робот

„Tesla“ започна со процена на добавувачи во кинескиот регион на делтата на реката Јангце, како дел од подготовките за масовно производство на својот хуманоиден робот, „Optimus“.

Завршни подготовки: „Tesla“ започнува со масовно производство на хуманоидниот робот

Минатата недела, тимот на „Tesla“ задолжен за хуманоидниот робот започна со инспекција на фабриките на компаниите што произведуваат клучни електромеханички компоненти за „Tesla“ – вклучувајќи модули за зглобови, актуатори и прецизни структурни делови.

Според „CnEVPost“, повикувајќи се на извори запознаени со синџирот на снабдување, неколку кинески добавувачи веќе добиле нарачки за компоненти за „Optimus“; се очекува производството да започне набрзо откако тие ќе ги поминат проверките за квалитет и усогласеност на производните линии.

Покрај во Нингбо, инспекции се спроведуваат и во Хангџоу, Шангај и други делови од делтата на Јангце, при што повеќето од компаниите веќе соработуваат со „Tesla“ како добавувачи за производство на автомобили.

„Optimus“ од третата генерација

Моделот предвиден за масовно производство е „Optimus“ од третата генерација, што претставува прва верзија на роботот на „Tesla“ дизајнирана специјално за сериско производство.

Според достапните информации, новата генерација се одликува со значителни подобрувања на механизмот на раката и на актуаторите за зглобови. Првично, тој е наменет за индустриски примени, како што се ракување со материјали и едноставни задачи на производната линија.

„Tesla“ ја пренамени поранешната производна линија за моделите „Model S“ и „Model X“ во својата фабрика во Фремонт, Калифорнија, за производство на „Optimus“, со цел да постигне годишен капацитет од еден милион роботи.

Компанијата исто така подготвува втора производна линија во својот погон во Тексас – за кој се предвидува долгорочен капацитет од 10 милиони единици годишно – а се очекува производството да започне околу летото следната година. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, претходно изјави дека масовното производство на хуманоидниот робот е „најпредизвикувачкиот производ за зголемување на производство“ што компанијата некогаш го создала, а истовремено оцени дека најголемата конкуренција за „Tesla“ во областа на хуманоидните роботи ќе дојде од Кина.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голерм руски напад на Киев среде бел ден (ВИДЕО)

Денеска Русија го продолжи својот напад со беспилотни летала врз Киев, а нападите се продолжија од ноќта и утрото па сè до дневните часови. 

Голерм руски напад на Киев среде бел ден (ВИДЕО)

Според најновите податоци од градоначалникот Виталиј Кличко, две лица загинаа, а најмалку 43 беа повредени.

Асошиејтед Прес објави дека руски беспилотни летала го нападнале украинскиот главен град во неколку бранови во текот на денот, а нападот продолжил и попладне. Колони црн чад се издигале над делови од градот, а зградите и инфраструктурата биле погодени.

Погодени згради, бензински пумпи и областа до главната станица

Напади се регистрирани во неколку области на Киев. Погодени се деловни згради, магацини и бензински пумпи, а едно беспилотно летало погоди деветкатна зграда. Пожарот избувнал и во областа на историската зграда на поранешниот железнички пазар недалеку од главната железничка станица. Железничката инфраструктура е исто така оштетена.

Фотографиите на Ројтерс од местото на нападот покажуваат пожарникари во погодениот деловен центар и чад што се издига над градот. Ројтерс објави и фотографија од украинските сили како отвораат оган врз руски дрон над Киев.

Нападот се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој треба да се обрати на Генералното собрание и да одржи состаноци со европските лидери и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Русија сè повеќе користи брзи млазни беспилотни летала

Денешниот напад доаѓа во време кога Русија сè повеќе користи млазни верзии на беспилотните летала „Шахед“. Ројтерс вчера објави дека овие беспилотни летала летаат многу побрзо и на поголеми височини од класичните „Шахед“ со пропелер, што им отежнува на украинските мобилни противвоздушни групи да ги пресретнат. Според украинските проценки објавени од Ројтерс, ефикасноста на пресретнувањето на вакви беспилотни летала е значително помала од онаа на постарите модели.

Руското Министерство за одбрана објави дека за време на ноќните напади тие ги таргетирале објектите на украинската воена индустрија и енергетскиот сектор, логистичките центри и бродовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Травел блогерката Синтија Бенитез доживеа непријатно искуство додека пливаше со желки во една лагуна во Танзанија.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Додека посегнуваше кон едно животно пред неа, друго ѝ пријде одзади и ја касна за задникот. Шокирана, инфлуенсерката врисна и излезе од водата, а снимката од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Трага од каснување и вирално видео

Потоа, Бенитез се пошегува во описот на видеото: „Мислев дека желките се безопасни...“ Фотографијата направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, иако за среќа, таа не се здоби со сериозни повреди. Видеото собра над 400.000 прегледи на Инстаграм.

„Желката очигледно беше гладна“

Следбениците главно реагираа со хумор на ситуацијата. Како одговор на коментар во кој видеото се опишува како „многу корисна“ информација, Бенитез одговори: „Никогаш не ѝ врти грб на желка“.

Друг корисник напиша: „На желката ѝ беше доста од пластика, па реши да ја извади од водата“. Имаше и коментари дека животното „очигледно било гладно“, како и порака: „Таа желка сум јас во некој претходен живот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер