Олимпијакос и Антиќ пред пласман на „Фајнл фор“ - Канал 5

Олимпијакос и Антиќ пред пласман на „Фајнл фор“

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се наоѓа на чекор до завршниот „Фајнл фор“ турнир во Евролигата, откако синоќа со неговиот Олимпијакос го победија Анадолу Ефес и поведоа со 2:0 во серијата прв до три победи.

Олимпијакос и Антиќ пред пласман на „Фајнл фор“



Антиќ за 23 минути поминати на паркетот постигна 11 поени и оствари седум скокови.

И на другите две вчерашни средби победите им припаднаа на домашните кошаркари со што поведоа со 2:0.

Постигнати резултати: Олимпијакос – Анадолу Ефес 71:53, ЦСКА Москва – Каха Лаборал 90:68 и Реал Мадрид – Макаби 75:63.

Во четвртокот Барселона – Панатинаикос 65:66. На оваа четвртфинална пресметка резултатот е 1:1 во победи.

Натпреварите број 3 ќе се одиграат на 16 и 17 април на терените на екипите кои гостуваа во првите два дуела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожари

Во Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.

Франција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица  за предизвикување пожари

Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари.

Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места.

Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА се подготвува за историско проширување

Најсилното свтеско кошаркарско првенство, мегапопуларната НБА лига се подготвува за историско проширување – познати се најважните чекори.

НБА се подготвува за историско проширување

НБА сериозно работи на проширување, а Лас Вегас во моментов има предност пред Сиетл во трката за нова франшиза, пренесува ESPN.

Раководството на лигата сака прво да ја заврши работата во Лас Вегас и да постави рекордна цена за влез на нова франшиза во НБА, што потоа би претставувало основа за сите идни проширувања.

Според претходните проценки, новите сопственици на клубот од Лас Вегас би можеле да платат меѓу 7,5 и 9 милијарди долари само за влез во лигата. Интересот на инвеститорите за Лас Вегас е значително поголем отколку за Сиетл.

Боб Ајгер и Џош Кушнер беа меѓу потенцијалните купувачи, но се повлекоа од процесот откако одлучија да ги купат Лос Анџелес Лејкерс за рекордни 12,5 милијарди долари. Сепак, договорот за Лас Вегас сè уште не е блиску до конечно одобрување. „Ќе видиме што ќе се случи во септември

. Ако се гласаше денес, предлогот немаше да помине. Сè се сведува на висината на надоместокот“, изјави извор од НБА за ESPN. Така, Сиетл останува сериозен кандидат за враќање во НБА, но неговата шанса можеби ќе мора да почека додека лигата прво не утврди рекордна пазарна цена преку случајот со Лас Вегас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентинецот Паредес ја одби понудата на Милан

Репрезенативецот на Аргентина,  Леандро Паредес ја одби понудата за тригодишен договор од Милан и одлучи да остане во Бока Јуниорс, пренесува ESPN. 

Аргентинецот Паредес ја одби понудата на Милан

Италијанскиот клуб беше подготвен да испрати понуда за аргентинскиот играч за врска и да се обиде да го ангажира ова лето, но Паредес избра да ја продолжи кариерата во Бока и да остане во Аргентина.

Искусниот 32-годишен фудбалер претходно настапуваше за Рома, Зенит, ПСЖ и Јувентус, а со Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година. Тој се врати во Бока Јуниорс по долга кариера во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер