Олга Панго и Васо Христов го посетија Културно-информативниот центар на Македонија во Софија - Канал 5

Олга Панго и Васо Христов го посетија Културно-информативниот центар на Македонија во Софија

Националната опера и балет на Македонија денеска гостува со балетската претстава „Дамите од Авињон“ на Софискиот музички театарски фестивал. 

Олга Панго и Васо Христов го посетија Културно-информативниот центар на Македонија во Софија

Поради лошото време, претставата ќе биде изведена во Музичкиот театар во Софија, а не во Воената академија Парк, како што беше претходно планирано.

Примабалерината и кореограф на МОБ Олга Панго и директорот на Балетот на Националната опера и балет – Скопје Васо Христов, го посетија Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, јави дописникот на МИА.

Панго изрази надеж дека и во иднина ќе има многу добра соработка со Бугарскиот музички театар и изјави дека луѓето од уметноста не треба да се занимаваат со политика и да ги продолжат сите добри проекти и работи со Бугарија.

Директорот на МОБ, Христов, изрази надеж дека претставата „Дамите од Авињон“ ќе ја претстави Македонија пред бугарската јавност во многу добро светло.

Директорката на Бугарскиот музички театар, Марија Луканова, која беше и во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, рече дека ако чекаме целосно да поминат глобалните политички настани и Ковид-19, ќе биде потребно многу време, а времето на уметниците е значително кратко за креативни изведби.

Таа рече дека овој фестивал има за цел да го прикаже музичкиот и модерниот балет и годинава ќе има можност да ги излезе надвор од границите. Луканова изрази надеж дека ова ќе биде почеток на пријателство и партнерство не само на сцената, туку и во меѓучовечките и колегијалните односи.

Во рамките на Софискиот фестивал на музички театар на голема сцена во Музичкиот театар, Олга Панго зборуваше на работилница за современите танцови трендови во класичниот балет. Таа го сподели и своето искуство за начините на оценување на кореографијата во мјузиклите и за потребата од нови движења во современите балетски и танцови претстави.

Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, рече дека толку голема и сериозна културна институција одамна не била во Софија. Тој најави дека е потпишан договор за културна соработка меѓу Бугарија и Македонија, што дава можност за уште многу учества на Македонската опера и балет во Бугарија и на други музички фестивали и посака успех на вечерашната изведба на „Дамите од Авињон “./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација и цени во регионот

Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со поскапувањата и цените ги задржа на најниско можно ниво.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација и цени во регионот

Додека светот се соочува со ценовни шокови, со преземените владини мерки за време на енергетската криза предизвикана од војната во Иран, состојбата во државата остана стабилна и контролирана.

Државниот завод за статистика потврди дека годишната инфлација во јуни месец се намали и изнесува 3,4%, додека пак, споредено со претходниот месец мај се забележува намалување од 0,5 проценти, а за 0.8 проценти се намалил индексот на цените на мало во јуни.

Друг податок кој претставува посебно задоволство и успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.

Наспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нивните сателити, овие статистички податоци се потврда дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалаци се држат на стабилно ниво.

Ова се охрабрувачки бројки и потврда дека преземените и спроведени владини мерки во услови на најголемата енергетска криза, ги дадоа посакуваните резултати и ефекти.

Тие што сакаат да креираат паника и лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките и од релевантните институции, како што е ДЗС.

Благодарение на брзата реакција на Владата, во Македонија се одржа нивото на најниски цени во регионот, додека светот се соочуваше со ценовни шокови на нафтените деривати.

Потврда дека владата успешно се справува и спроведува мерки за време на оваа енергетска криза, дојде и од ММФ, кој посочи дека по преземените мерки за ублажување на последиците од високите цени на горивата, Македонија е во топ трите земји.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независност

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност.

Повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независност

По повод 10 Јули – Светскиот ден на енергетската независност

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија.

Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини истакнува дека енергетската независност останува една од највисоките стратешки цели на Владата и Министерството.

Во изминатиот период се преземаат конкретни чекори за енергетски независна Македонија – држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергенси.

Резултатите веќе се видливи.

Според најновите податоци на АД ЕСМ, производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, додека производството од ветерните електрани бележи раст од околу 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува околу 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка.

Паралелно, се реализираат и нови инвестиции во производствени капацитети. Интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 MW, а започнуваат и активностите за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, додека подготовките за Битола 2 и Битола 3 се во напредна фаза.

Но, енергетската независност не се постигнува само со поголемо домашно производство. Таа се гради и преку силна регионална поврзаност и сигурни енергетски коридори.

Во таа насока, интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас. Истовремено, во тек се подготовките и за реализација на гасниот интерконектор со Србија, со што Македонија ќе стане дел од поширока регионална гасна мрежа и ќе ја зацврсти својата улога како енергетски крстопат на Балканот.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакнува дека енергетската независност не е краткорочна цел, туку долгорочна државна стратегија.

„Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Ги развиваме обновливите извори, инвестираме во модерна инфраструктура и ги отвораме новите енергетски коридори што ќе ја зајакнат сигурноста на снабдувањето. Тоа не е само економска придобивка, туку прашање на национална сигурност, стабилност и развој. Нашата амбиција не е само да ги задоволуваме домашните потреби, туку Македонија да стане и нето извозник на електрична енергија.“

Енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија.

Токму затоа Министерството останува цврсто посветено на создавање на сигурен, модерен и одржлив енергетски систем – затоа што силна енергетика значи силна држава.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 11 лица загинаа, а 6 се повредени во голем шумски пожар во Шпанија

Најмалку 11 лица загинаа, а шест се повредени во голем шумски пожар во местото Лос Гаљардос, во шпанската покраина Алмерија.

Најмалку 11 лица загинаа, а 6 се повредени во голем шумски пожар во Шпанија

Дел од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламените јазици, додека околу 1.000 жители биле евакуирани поради опасноста од ширење на огнот. Пожарот избувнал за време на силен топлотен бран што ја зафати јужна Европа, со температури кои достигнуваат околу 40 степени целзиусови.

Во гаснењето се вклучени околу 150 пожарникари, како и шпанската воена единица за итни интервенции, додека властите сè уште ја истражуваат причината за пожарот. Шпанија ова лето се соочува со зголемен ризик од шумски пожари поради екстремните горештини. Според научниците, климатските промени придонесуваат за почести и поинтензивни топлотни бранови и пожари, а Европа останува континентот што се затоплува најбрзо во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер