Олдтајмери од 11 држави во септември доаѓаат во земјава, некои од нив досега невидени на овие простори - Канал 5

Олдтајмери од 11 држави во септември доаѓаат во земјава, некои од нив досега невидени на овие простори

 Од 27 септември над 30 олдтајмери од Западна Европа и САД ќе продефилираат низ земјава како дел од Бахус класик релито што за првпат се организира кај нас. 

Олдтајмери од 11 држави во септември доаѓаат во земјава, некои од нив досега невидени на овие простори

Некои од возилата коишто ќе пристигнат и ќе бидат дел од ова меѓународно рели од премиум ранг досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот. Најавено е учество на претставници од 11 држави меѓу кои САД, Германија, Австрија, Англија, Белгија, Швајцарија, Луксембург, Бугарија, Грција.....

Организаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски, кои исто така се вљубеници во овој тип возила и кои повеќепати досега учествувале на ваков тип релија, во разговор за МИА велат дека се работи за рели од премиум ранг какво што организираат европските држави.

Откриваат дека учесниците ќе возат по утврдена рута од вкупно 1060 километри низ две држави со 27 специјални етапи. Ќе се вози според правилата што ги налага ваков тип рели, но дека целиот настан ќе биде надополнет со посета на најзначајните културно-историски споменици и винарии со што ќе биде презентирана и историјата и традицијата на овие простори.

- Рутата што ќе се вози е веќе утврдена. За време на седумдневното рели ќе ги посетиме Хераклеја во Битола, Охрид како најзначајна туристичка дестинација, Бигорскиот манастир..., а самото име на релито дадено по римскиот бог на виното укажува дека неминовна е и дегустацијата на добро познатите македонски вина, велат Стефановски и Петровски за МИА.

Со ова, како што посочуваат двајцата, не само што по првпат ќе биде организиран ваков настан во нашата држава што ќе ја позиционира на светската мапа на вакви релија, туку учесниците одблизу ќе се запознаат и со македонската историја и добро познатата македонска храна.

- Придобивките се големи. Земјава ќе стане препознатлива по настани од ваков вид, а со доаѓањето на луѓе од овој калибар во земјава и промовирањето на нашите културно-историски знаменитости неминовно ќе придонесеме и во развојот на туризмот, нагласуваат Стефановски и Петровски.

Задоволни се од одѕивот на учесници кои веќе го потврдиле учеството на релито, а некои од нив првпат ќе ја посетат земјава. Ова, според нив, ветува успешен почеток на еден ваков меѓународен настан кој, како што откриваат, имаат намера да прерасне во традиција и да стане препознатлив бренд во државата.

Одговорноста е голема, нагласуваат Стефановски и Петровски, но многу поголема е желбата да се даде личен придонес во промовирањето на сопствената држава и таа да се позиционира на мапата на светски настани од овој ранг.

- Иако е мала по големина, Македонија е држава која има што да понуди, а ова е добра можност за промоција на нашата култура и историја, велат Стефановски и Петровски.

Посочуваат дека подготовките се при крај и дека едвај го чекаат почетокот на ова меѓународно рели, но повеќе информации најавуваат на прес-конференција којашто планираат да ја одржат на почетокот на септември.

Бахус класик релито дел од ФИВА

Релито првпат беше промовирано на „Classic Gala Schwetzingen 2024“, еден од најпрестижните настани за олдтајмери во Европа што се одржа во барокниот дворец во германскиот град Швецинген. Стефановски и Петровски беа единствените претставници од земјава кои се претставија со „Fiat Abarth 1000TC Gr.5 Replica“, уникатен примерок кој привлече интерес кај присутните посетители.

Релито веќе е впишано и во календарот на Светската федеративна асоцијација на историски автомобилски клубови која обединува повеќе од 2,5 милиони љубители на олдтајмери од повеќе од 70 држави.

Тимот на „Бахус класик“ учествуваше и на 48-то издание на Интернационалниот олдтајмер настан што во јули годинава се одржа во германскиот град Баден Баден. Таму го освоија првото место во својата категорија со „Abarth 1000 TCR“ од 1970 година, којшто беше единствен ваков примерок на настанот.

На овој настан, што се одржа во градот којшто е под заштита на УНЕСКО, учествуваа 390 автомобили од цела Европа, а возилата беа изложени во централниот парк што е опкружен со историски згради со кои се надополнуваше убавината на олдтајмерите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер