ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС - Канал 5

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

 ОКТА ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата.

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

ОКТА, водечки снабдувач со горива во Република Македонија, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува иницијатива за поддршка на пазарот.

Почнувајќи од денеска (13 март 2026), заклучно со крајот на овој месец, ОКТА ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата, овозможувајќи им со тоа на големопродажните и малопродажните партнери дополнителна флексибилност оваа поддршка да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на своите потрошувачи. Трговците на големо и мало и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат своите продажни цени, во согласност со сопствените комерцијални политики и пазарните услови.

Врз основа на очекуваните количини на горива кои треба се пласираат на домашниот пазар до крајот на овој месец, оваа иницијатива претставува вкупен придонес за поддршка на пазарот од страна на ОКТА во износ од околу 2 милиони евра. Тоа ја одразува посветеноста на компанијата кон сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и ублажување на тековните пазарни притисоци.

Во оваа прилика, главнот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, изјави: „Препознавајќи ги предизвиците во енергетскиот сектор што ги донесе актуелната состојба, ОКТА презема конкретни чекори за поддршка на пазарот и потрошувачите. Во овој контекст, зајакнувањето на снабдувањето преку продуктоводот ВАРДАКС игра значајна улога во обезбедувањето стабилност и континуитет во снабдувањето со горива низ целата земја“.

„Како општествено одговорен снабдувач со енергија, ОКТА е посветена да обезбеди ова зајакнато снабдување да се претвори во конкретна поддршка за пазарот. Поради тоа, почнувајќи од денеска, па сè до крајот на месец март, ОКТА воведува попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини, за трговците на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА, со што им се овозможува оваа придобивка да ја пренесат кон крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени. Оваа иницијатива ја одразува долгогодишната посветеност на ОКТА да го поддржува пазарот, домаќинствата и бизнисите во периоди на зголемени предизвици“, потенцираше Пасхос.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави: „Зајакнувањето на снабдувањето со горива преку продуктоводот ВАРДАКС претставува значаен чекор напред за енергетската безбедност на земјата и отпорноста на нашиот пазар на нафтени деривати. Во период кога меѓународните енергетски пазари остануваат непредвидливи, а цените се под влијание на глобалните случувања, обезбедувањето сигурно снабдување и стабилност за граѓаните и бизнисите претставува клучен приоритет на Владата. Зголемениот капацитет на продуктоводот придонесува за зајакнување на енергетската инфраструктура на земјата и ја зацврстува позицијата на Република Македонија во рамки на регионалната енергетска мрежа“.

„Иницијативите, како што е оваа на ОКТА, кои овозможуваат зајакнато снабдување и истовремено го претвораат во директна поддршка за потрошувачите, се особено важни, бидејќи помагаат да се намали притисокот врз домаќинствата и бизнисите, истовремено одржувајќи ја стабилноста на домашниот пазар на нафтени деривати. Ги поздравуваме напорите кои придонесуваат за поддршка на граѓаните и стабилноста на енергетскиот систем, особено во период кога координираното дејствување помеѓу институциите и приватниот сектор е од суштинско значење за справување со актуелните предизвици со кои се соочува енергетски сектор“, истакна Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран најавува нов коридор низ Ормускиот Теснец, Оман молчи

Министрите за надворешни работи на арапските земји треба да се состанат во Мускат во понеделник за да разговараат за воспоставување безбедна поморска рута меѓу Иран и Оман низ Ормускиот Теснец, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Иран најавува нов коридор низ Ормускиот Теснец, Оман молчи

Пезешкијан рече дека на состанокот се очекува да се потпише договор за заедничката поморска рута и дека Меѓународната поморска организација ќе биде информирана за исходот.

Тој додаде дека на состанокот ќе присуствуваат и претставници од земји чии територии САД ги користеле за изведување напади врз Иран.

Осврнувајќи се на американската блокада и економскиот притисок врз Техеран, Пезешкијан оцени дека Вашингтон не успеал да ги постигне своите цели преку воени средства и следствено на тоа прибегнал кон економски мерки.

„Не можеа да ги постигнат своите цели преку војна, па се свртеа кон економски притисок, но ние нема да запреме“, рече Пезешкијан.

Тој истакна дека Иран не зависи целосно од поморските рути и наведе дека Ормускиот Теснец повторно ќе се отвори откако САД ќе ги прекинат блокадата и нападите врз Иран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Оман ќе биде домаќин на регионален министерски состанок на кој ќе присуствуваат претставници од осумте држави што граничат со Персискиот Залив.

Според него, дискусиите ќе се фокусираат на регионалните прашања и на резултатите од преговорите меѓу Иран и Оман во врска со одредувањето безбедни рути за комерцијални бродови низ Ормускиот Теснец. Багаеи нагласи дека Иран работи на обезбедување на поморскиот коридор, но истакна дека безбедноста на бродовите не може да се гарантира сè додека продолжуваат американската поморска блокада и воената интервенција.

Оман сè уште официјално не потврди дека состанокот ќе се одржи.

Мохсен Резаеи, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, претходно изјави дека договорот со Оман за нов коридор низ Ормускиот Теснец ќе биде потпишан во рок од неколку дена и дека контролата врз влезните и излезните точки на коридорот ќе биде во рацете на Иран.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија: Фабриката во Романија е во опасност, иднината е неизвесна

Дачија ќе го намали производството за двоцифрен процент во 2026 година, додека околу 1.700 вработени веќе ја напуштиле компанијата во изминатата година, предупреди извршниот директор Михаи Бордеану.

Дачија: Фабриката во Романија е во опасност, иднината е неизвесна

Во разговор за романските медиуми, тој рече дека верува оти фабриката во Миовени станува помалку конкурентна, првенствено поради високите цени на енергијата, но и поради зголемувањето на трошоците за работна сила.

Бордеану предупреди дека групацијата Рено затоа би можела да префрли дел од своето производство во други земји, вклучувајќи ги Шпанија, Мароко и Турција, каде што веќе постојат производствени капацитети.

„Стануваме помалку конкурентни“, рече Бордеану, додавајќи дека романската влада мора да преземе мерки во областите на цените на енергијата, даноците и деловната политика.

Според него, платите во Миовени не можат да растат бесконечно и постојано да ја надминуваат инфлацијата, бидејќи тоа дополнително ја проширува разликата во трошоците во споредба со другите фабрики на групацијата Рено.

Сè уште нема одлука за целосно повлекување на производството од Романија, но пораката од директорот на Дачија јасно покажува дека конкурентноста на фабриката станува сериозен проблем.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено лице во Радовиш, при претрес пронајдена марихуана

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лишено лице во Радовиш, при претрес пронајдена марихуана

Вчера (11.09.2026) во 19:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот законик.

Врз основа на наредба од Основниот суд Радовиш, извршен е претрес во домот и други простории што ги користи лицето во Радовиш, при што била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер