Оксфордски збор на годината е „затапување“ поради тривијалната употреба на социјалните мрежи - Канал 5

Оксфордски збор на годината е „затапување“ поради тривијалната употреба на социјалните мрежи

 Во изборот учествуваа над 37.000 лица, кои помогнаа овој збор да биде избран од скратената листа подготвена од Оксфордската издавачка куќа, пренесува британскиот „Гардијан“.

Оксфордски збор на годината е „затапување“ поради тривијалната употреба на социјалните мрежи

Зборот на годината, кој го избра издавачката куќа Оксфорд, е „затапување“ (гниење на мозокот - brain rot), поради, како што се наведува во објаснувањето,бескрајното прелистување (скролање) на социјалните мрежи и користењето содржини кои го намалуваат интелектуалното ниво на луѓето, соопшти денеска британскиот универзитет Оксфорд.

Во изборот учествуваа над 37.000 лица, кои помогнаа овој збор да биде избран од скратената листа подготвена од Оксфордската издавачка куќа, пренесува британскиот „Гардијан“.

Терминот се дефинира како „наводно влошување на менталната или интелектуалната состојба на личноста, особено како резултат на прекумерна консумација на материјали – особено онлајн содржини – што се сметаат за тривијални или непредизвикувачки“.

Оксфордската издавачка куќа соопшти дека терминот добил нова важност во 2024 година, како симбол за загриженоста поради прекумерната изложеност на содржини со низок квалитет, посебно на социјалните мрежи.

„Затапувањето на умот е една од забележаните опасности на виртуелниот живот и начин на кој го користиме нашето слободно време“, изјави раководителот на уредништвото на Оксфордските речници, Каспер Гретвол.

Тој додаде дека не е изненадувачки што многу гласачи го прифатиле овој термин, поддржувајќи го како збор на годината. „Фасцинантно е што оваа фраза ја прифатија генерациите Z и Алфа – заедници кои во голема мера се одговорни за создавањето и користењето на дигиталната содржина на која терминот се однесува“, изјави Гретвол. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Револт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. Смена

Бројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.

Револт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. Смена

Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс.

На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери.

Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори.

„Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението.

Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Силно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.

Силно торнадо уништи 300 домови во јужна Франција

Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

Од 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер