Оксфордски студент пронајден мртов

20 годишниот Ендрју Кркман студирал физика на Оксфорд. Пронајден е во шатор, мртов, само неколку часа по почетокот на распустот за Божиќ. Тој се убил со хемикалии кои ги измешал да добие хидроген сулфид. Дали имал намера да се самоубие, или експериментирал со хемикалиите ќе остане непознато.

Пријателка на Ендрју тврди дека пред неколку недели тој и рекол дека поминува низ тежок период, но кога го прашала што може да стори за него не и одговорил. 19 годишната девојка вели дека Ендрју бил неверојатно интелигентен и имал потенцијал да направи нешто генијално. Не може да поверува дека се самоубил.

Кркман бил момче кое верувало во себе и не се грижело што ќе мислат другите. Неговото семејство живее во куќа од милион фунти во предградие на Лондон.

Сара Ломакс која студирала физика заедно со него е убедена дека тој не би се самоубил.

- Никогаш не беше во депресија. Тој беше препаметен и знаеше дека пред него има убава иднина. Беше посветен на физиката. Не би ме изненадило ако спроведувал некој експеримент со хемикалии. Можеби тоа излегло од контрола и не успеал да јанде начин да се спаси - вели Сара.

Полицијата не пронаоѓа сомнителни околности во овој случај а смртта на 20 годишниот студент ќе ја третира како необјаснета - пишува Дејли меил.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

- Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер