3СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, лишени се од слобода сторителите и против нив се поднесени кривични пријави
ЗдравјеОксфорд: Огромен број од оздравените од корона имаат сериозни невролошки проблемиНа секое осмо лице кое преживеало ковид-19 шест месеци по позитивниот тест, за прв пат во животот му се дијагностицира невролошко или психијатриско заболување, според истражувањето спроведено од научници од Оксфорд.Пациентите кои биле хоспитализирани се особено подложни на психијатриски компликации, иако оние кои не завршиле во болница, исто така, се изложени на зголемен ризик од развој на депресија или проблеми како што е мозочен удар. Оваа студија е уште еден доказ дека инфекцијата со ковид-19 може да резултира со краткорочни или долгорочни когнитивни и ментални здравствени проблеми. Експертите ги анализирале здравствените досиеја на 236.379 пациенти од Соединетите држави кои се опоравиле од инфекцијата со коронавирус. Откриле дека во период од шест месеци на 33,6 проценти од нив им е дијагностицирана невролошка или психолошка болест, при што 13% добиваат ваква дијагноза за прв пат во животот, пишува Бизнис Инсајдер. Пациентите кои биле хоспитализирани, а особено оние кои доживеале енцефалопатија (општо име за нарушувања и оштетување на церебралната функција), биле особено изложени на ризик од ментална болест. Оние кои имале ковид-19 имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со состојби како што се мозочен удар, мозочно крварење, деменција и ментално нарушување отколку оние кои имале грип или инфекција на респираторниот тракт. Истражувачите велат дека студијата е предмет на некои ограничувања, иако тие ги земале предвид факторите како што се возраста, полот, расата, основните услови и социоекономскиот статус при анализата на податоците. Имено, причинско-последичната врска сè уште не е докажана, а електронските медицински досиеја може да имаат некои грешки. На пример, понекогаш дијагностиката на инфекција со ковид-19 се внесува во базата на податоци некое време по позитивниот наод, а описот на социоекономскиот фактор често недостасува во евиденцијата. "Ризикот за дијагнози како мозочен удар или интракранијално крварење обично се намалува драматично во рок од шест месеци. Но, за неколку невролошки и психијатриски дијагнози, не знаеме кога ќе престане ризикот", рече д-р Макс Такет од Одделот за психијатрија во Универзитет во Оксфорд. Научниците сè уште проучуваат зошто вирусот на ковид-19 може да предизвика толку различни и долготрајни невролошки последици. Претходните истражувања покажаа дека коронавирусот може да предизвика широк спектар на когнитивни и невролошки проблеми; вклучувајќи главоболки и болки во мускулите, конфузија, вртоглавица, напади, мозочни удари и оток на мозокот. Оние кои ја надминале инфекцијата со ковид-19, исто така, пријавиле застрашувачки халуцинации, проблем со координацијата и оштетување на меморијата. Експертите затоа се обидуваат да разберат зошто вирусот за што досега се сметаше дека спаѓа во категоријата респираторни заболувања може да предизвика такви нарушувања во мозокот. Јасно е дека инфекцијата со ковид-19 може да предизвика проблеми во нервниот систем ако, на пример, влијанието на вирусот врз белите дробови и срцето го попречува протокот на доволно кислород до мозокот. Но, постојат докази што сугерираат дека вирусот ковид-19 може директно да стигне до мозокот, по што реакцијата на нашиот имунолошки систем може да предизвика воспаление што ги оштетува мозокот и нервите. Некои експерти стравуваат дека некои кои го преживеале коронавирусот може да имаат трајно оштетување на мозокот. „Она што ме загрижува е тоа што сега имаме милиони луѓе кои преживеале ковид-19. И ако имаме 10 милиони од нив за една година, а некои од нив завршуваат со когнитивни проблеми, тогаш тоа ќе влијае на нивната способност за работа и нивната способност да вршат секојдневни активности. “, изјави за Ројтерс Адријан Овен, невролог од Универзитетот Вестерн во Канада. Студијата наречена Six-month Neurological and Psychiatric Outcomes in 236,379 Survivors of COVID-19, која сè уште не е рецензирана, е објавена на серверот Medrxiv. Studija: Šokantan broj onih koji su preboljeli koronu ima neurološke problemeКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендериЕвропа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените.А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода. Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити. Големите дата центри трошат огромни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на бројот на нови работни места и даночните приходи може да биде ограничен. Еден голем дата центар може да троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно – количина споредлива со дневната потрошувачка на град со 15.000 до 30.000 жители. Владата на Мицкоски не успева да обезбеди доволно чиста вода за пиење за граѓаните, а сега сака огромни количини вода да стави под ризицик за комерцијални дата центри. Огромна потрошувачка на вода носи ризик од притисок врз водоснабдувањето, а огромната потрошувачка на електрична енергија отвора ризик од дополнителен увоз и повисоки цени. Колку дополнителна струја ќе биде потребна за планираните дата центри и колку од неа ќе мора да се увезува? И уште поважно – кој на крајот ќе ја плати таа струја? Повторно граѓаните преку повисоки сметки. Нема одговор ниту на прашањето од каде ќе доаѓа водата за дата центрите. Колкава ќе биде потрошувачката? Дали ќе има испуштање затоплена вода назад во реките и какви последици тоа може да има врз биодиверзитетот и животната средина? Водата и струјата не смеат да станат скапа авантура од која ќе профитираат блиските до Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а цената ќе ја плаќаат граѓаните. СДСМ е против ставање на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта. Затоа бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи за ладење со испарување на вода. Водата и струјата се стратешки ресурси на граѓаните, а не нов извор за тендерски профити на ВМРО-ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)Четири лица загинаа вчера во хеликоптерска несреќа во Рио де Жанеиро за време на 20-минутен панорамски лет во Националниот парк Тижука, објавија бразилските медиуми.Пилотот и тројца колумбиски туристи загинаа, објави порталот „G1“. Um helicóptero caiu na Vista Chinesa, no Rio de Janeiro, neste sábado (08), deixando o piloto e 3 passageiros mortos, o modelo Robson 44 foi encontrado em mata de difícil acesso e causou fogo na região, equipes de combate ao fogo foram mobilizadas.#Brasil #Brazil pic.twitter.com/QKqfhnamsO — Hugo Borges (@hbj_r77032) August 8, 2026 Хеликоптерот се урна во тешко пристапна пошумена област. VÍDEO: Queda de helicóptero deixa quatro mortos no Rio de Janeiro https://t.co/lKa57Q7vJ0 — oliberal.com (@oliberal) August 8, 2026 Пожарникарите мораа да користат техники за пристап со јаже за да стигнат до местото на несреќата и да го изгаснат пожарот што избувна откако хеликоптерот се урна и ја зафати вегетацијата.Тагови: Бразил хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Скопје расчисти неколку кривични дела, лишени се од слобода сторителите и против нив се поднесени кривични пријавиЕдиницата за насилен криминал при СВР Скопје - Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје.Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш потоа, во 21:35 часот тој е лишен од слобода и бил пронајден ножот, а по документирање на случајот му е поднесена пријавата, по што е спроведен во пред судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Додека, Одделението за семејно насилство поднесе кривична пријава против С.Р.(57) поради псотоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда” по член 131 и „телесна повреда" по член 130 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека во повеќе наврати физички ги напаѓал неговата 47-годишна сопруга, нивните две ќерки и нивниот син, а последен пат тоа го сторил на 07.08.2026 кога во семејниот дом во скопско со тврд предмет ги нападнал сопругата и една од ќерките, при што на сопругата нанел тешка телесна повреда, а на ќерката телесна повреда. По преземени мерки, на 08.08.2026 во 09:40 часот тој е лишен од слобода и во консултација со ОЈО му е поднесена пријавата по брза постапка, а од судија на претходна постапк му е одреден притвор во траење од осум дена.Тагови: СВР Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter