Оксфорд: Имунитетот на коронавирусот трае најмалку половина година

Малку е веројатно дека луѓето кои се опоравиле од ковид-19 може да се заразат повторно во рок од шест месеци од првата инфекција, според британското истражување спроведено врз здравствените работници.

Истражувањето е добра вест за повеќе од 53 милиони луѓе кои биле заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, велат научниците од Универзитетот Оксфорд, автори на студијата.

„Ова е навистина добра вест затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето од оние кои преживеале ковид-19 нема да бидат повторно инфицирани“, рече Дејвид Ејр, професор од Оксфорд и еден од авторите на студијата.

Ретки случаи на повторна инфекција предизвикаа загриженост дека имунитетот може да трае кратко и дека закрепнатите пациенти може брзо да се инфицираат. Но, резултатите од оваа студија спроведена врз здравствените работници изложени на коронавирус, што ги прави група со висок ризик, покажуваат дека повторната инфекција е исклучително ретка.

„Инфекцијата со ковид-19 ги ​​штити повеќето луѓе од повторна инфекција најмалку шест месеци“, нагласи Ејр.

„Не најдовме нова симптоматска инфекција кај ниту еден од испитаниците кај кои беа пронајдени антитела“, додаде тој.

Истражувањето траело 30 недели, помеѓу април и ноември оваа година. Заклучоците сè уште не се разгледани од други научници.

За време на студијата, 89 од вкупно 11.052 работници без антитела добиле коронавирус и симптоми, а тоа не се случило со ниту еден од 1.246 лица со антитела.

„Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме оваа група работници за да утврдиме колку трае имунитетот и дали претходната инфекција влијае на сериозноста на болеста доколку се појави повторна инфекција“, објави Ејр.

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер